„Црно семе“ на НТ театар од Битола во официјална програма на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

May 22, 2025
2 mins read

Претставата во продукција на Битолскиот театар, „Црно семе“ од Ташко Георгиевски, во режија на Андреј Цветановски, е дел од официјалната програма на 59. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп и ќе биде изведена на 07.06 во сабота, со почеток од 19 часот.

Одлуката да се постави култниот роман на Георгиевски на сцената на Битолскиот театар го покажува потребниот однос кон сопствената традиција и посвета на трагичната судбина на македонскиот народ од егејскиот дел на Македонија. Трауматичната приказна на Македонците затворени на еден пуст остров во Егејското Море, овој пат низ драматизацијата на Јелена Цветановска и режијата на Андреј Цветановски, е прикажана на мошне сликовит и сценичен начин, особено со ефективната актерска игра на целиот ансамбл вклучен во претставата. Актерите покажуваат на кој начин може да се покаже трагичната судбина без нагласена патетика, намерно прикажувајќи ја и интимната и суптилна страна на поединечните човечки судбини. 

Човекот, неговото интимно страдање во однос на политичкиот контекст овде ја прикажува храбрата слика на сплотувањето во колективното и резултатот на личната борба наспроти општествената. Може да се заклучи дека претставата нуди една емотивно внимателна вивисекција на страдањето создавајќи моќна театарска слика. Во претставата играат: Мартин Мирчевски, Огнен Дранговски, Васко Мавровски, Никола Стефанов, Никола Пројчевски, Петар Горко, Борче Ѓаковски, Александар Стефановски, Александар Димитровски, Александар Копања, Марија Цветановска, Петар Спировски, Живко Борисовски, Хари Михајловски. Драматизацијата е на Јелена Цветановска, сценограф Сергеј Светозарев, костимограф Благој Мицевски, музика Димитар Андоновски, кореограф Дамјан Цветановски. Учествуваат и 4 млади момци од КУД Илинден: Давид Балтовски, Филип Стефановски, Виктор Крстевски и Александар Ѓорѓиовски. Покрај авторската музика на Андоновски, се користи и композицијата „Бело море“ од Мизар и хорот Хармосини од албумот „Детето и белото море“.

За претставата советникот при Министерството за култура, проф. Атила Клинче ќе каже:

„Прекрасна претстава, одлични актери кои максимум се ангажирани. Одлична режија на Андреј, уште поубава сценографија и светло дизајн, музика, се тоа дава одличен ритам на претставата. Битолскиот театар затоа е голем театар народски кажано „Театар со сите нишани“. Ме радува тоа што после долги години не сум се видел со многу мои драги пријатели како што се Пепи, Тино, Петар, Вале, Огнен и уште многу други мои пријатели колеги, па се видовме на премиерата. Прекрасно доживување, бев многу импресиониран од претставата, едно големо браво“.

А актерот од Прилепскиот театар, кој игра и на сцената на Битолскиот, Илија Волчески, додава:

„Ништо помалку не се очекуваше од искусниот Андреј Цветановски, а и од фамилијата Цветановски која беше вклучена во овој процес. Се разбира битолските актери и целата креативна и техничка екипа на ниво како и секогаш. Приказната е јасна и се следи со внимание. Одлична структура на претстава, одлично темпо, одлични каратери од страна на сите актери. Многу функционална сценографија со јасни симболи. Како сценографијата, така и костимите, а и дизајнот на светлото и самата музика. Нека се множат уште многу праизведби и премиери и на Андреј и на битолскиот театар“.

Годинешното издание на фестивалот во Прилеп го отвора претставата „12“ во режија на Синиша Евтимов, во продукција на Македонскиот народен театар од Скопје, а го затвора на 13 јуни, претставата „Вистината 2“ на театар Комедија, од Флоријан Зелер, во режија на Владимир Јурц.

На фестивалот на доајените на македонското глумиште Соња Мијахлова, Снежана Конеска Руси и Гоце Тодоровски ќе им биде врачена наградата за животно дело.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Продолжува надзорната расправа за аерозагадувањето

Следно

Заврши второто издание на Деновите на поезијата – Културната разновидност не претставува закана, туку збогатување

Latest from Blog

Расел Кроу откри зошто никогаш нема да се ожени за 28 години помладата партнерка (ВИДЕО)

Во отворен разговор за емисијата 60 минути, актерот откри дека нема планови да се ожени со неговата партнерка– ниту сега, ниту во иднина. „Зошто да ја расипам среќата со брак?“ Кога водителот

Отишол во болница со страшни болки- докторите се шокирале кога виделе што има во телото

Необичната приказна се случила на 19 октомври, откако неименуван 48-годишен менаџер со големи болки бил итно однесен во медицинска установа. Тој призна сè Според извештаите на докторите, човекот признал дека самиот го

Вучиќ: БРКАМЕ ДВАЈЦА СНАЈПЕРИСТИ ЗА КОИ ЗНАЕМЕ ДЕКА СЕ ВО БЕЛГРАД, знаеме зошто и кој ги плаќа

Гостувајќи во емисијата „Чирилица“ на ТВ Прва, Александар Вучиќ објави дека од безбедносните служби дознал дека во Белград моментално има двајца снајперисти, на чие апсење службите моментално работат. „Во моментов бркаме двајца

Израел се движи кон смртна казна за тероризам

Комитетот за национална безбедност на израелскиот парламент во понеделник гласаше за закон со кој се воведува смртна казна за сторители на „терористички напади“, мерка предложена од крајно десничарската партија на министерот за
Go toTop