Меџити од Лондон: Пари од договорoт за стратешко партнерство за расчистување на опасните депонии

May 21, 2025
2 mins read

Проекти од областа на животната средина како што е елиминирање на депониите со опасен отпад ќе се финансираат со средства од Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство, најави денеска во Лондон вицепремиерот и министер за животна средина Изет Меџити.

-Освен железничкиот сообраќај, здравство, образованието, кои веќе се договорени, денеска излеговме со нова идеја.  Поконкретно тоа е проблемот со опасниот отпад, кој се влече со децении во нашата држава. Зборувам за линданот во фабриката Охис, за оној во Југохром во Јегуновце кој веќе е штетен по здравјето на луѓето, Ваксинце, Лојане,рече Меџити  кој е дел од владината делегација предводена од вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во британската престолнина на потпишување на договорот влада со влада во рамки на стратешкото парнерство на Обединетото Кралство и Македонија, јави известувачот на МИА од Лондон.

Воглавно, додаде тој, тоа се некогашни фабрики кои пропаднале, но се сериозен проблем по здравјето на луѓето и по животната средина.

-Досега имало напори ова да се реши, но за илустрација, само две третини од малиот базен со линдан во Охис е решен, а тој е во сооднос 1 : 10 со големиот базен, кој што воопшто не е почнат. Мислам дека ова е добра можност да се отстрани овој проблем кој што со децении стои нерешен во нашата држава, рече Меџити укажувајќи на проблемот со финансирање на ваквите зафати во изјавата дадена по средбата на македонската делегација со претставници во одделот за бизнис и трговија на британската Влада.

Прашан дали има проекции за колкави средства би се работело, со оглед дека решавањето на т.н. „жешки“ еко точки се сметаат за едни од најскапите проекти, Меџити истакна дека најпрво ќе треба да се утврди на кој начин ќе се решаваат овие депонии со опасен отпад.за да се направи груба проценка за тоа колку би чинеле таквите зафати.

Според него, потребни се уште осум милиони евра за да се експортира целосно од нашата држава  линданот од малиот базен (лоциран во кругот на поранешната фабрика Охис). Постојат и други солуции како што е да се стави (отпадот) во капсула, со покривање, опција која што е многу поевтина, а такви примери има во Холандија.  

-Ние денеска тука побаравме епскертиза, експерти од Британија која долго се занимаваat со ова, заедно да работиме на констатирање на состојбите, да се дефинира целосно проблемот со опасните отпади, а потоа да ги видиме солуциите но и финансиската рамка. Ова е можност со ваков кредит со многу ниска камата да се отстрани еден догогодишен проблем на ниво на државата, вели Меџити.

Проценката е, нагласува тој, дека ќе бидат потребни околу 300 милиони евра ако станува збор за решавање на депониите со  линданот во Охис, Југохром, Лојане и Ваксинце, односно сите оние за кои што е одговорна Владата, а преставуваат ризик по здравјето на граѓаните и животната средина. 

-Мора посериозно да делуваме во оваа насока превентивно ако не сакаме во иднина  да се справуваме со хаварии или штетни последици по здравјето и животната средина, кажа Меџити додавајќи дека првите разговори со британски експерти се очекуваат веќе од понеделник. 

На македонската владина делегација во чиј состав покрај Николоски и Меџити, е и директорот на МЖ Инфраструктура Синиша Ивановски, утре ќе и се приклучи и министерката за образование Весна Јаневска. За утре е предвидено потпишувањето на договорот влада со влада со кој Македонија добива историски најголем обем на средства за реализација на капитални проекти од шест милијарди евра.  

Текстот на договорот, завчера беше усвоен од македонската Влада, откако двете држави постигнаа согласност за стратешко партнерство.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Рубио сигнализира можен напредок за брзо ставање крај на војната во Газа

Следно

Каја Калас допатува во Србија

Latest from Blog

Меџити: Чаир се гради со работа, а не со зборови

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, порача дека летниот период се користи за забрзување на инфраструктурните проекти и завршување на работите со што помалку пречки за граѓаните. „Летото не е сезона за

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

Пораката како што посочи генералниот секретар на Алијансата Руте е дека потребна е модернизација на одбранбените капацитети, во време кога заканите стануваат се покомплексни и понепредвидливи. Алијансата како што оцени тој е

Николоски: Од една точка ќе се добиваат услуги од 15 институции за побрз увоз, извоз и транзит

Националниот Едниошалтерски Систем претставува еден од најзначајните проекти за дигитализација и модернизација на постапките со увозот, извозот и транзитот на стоки. Неговата цел е да обезбеди единствена електронска платформа преку која компаниите

МБИ10 со ново намалување: Над 13 милиони денари промет на берзанската сесија

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 07.07.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.403,28 поени. Во однос
Go toTop