Ердоган и Орбан разговараа за билатералните односи и глобалните прашања

May 21, 2025
1 min read

БУДИМПЕШТА / ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и унгарскиот премиер Виктор Орбан денес разговараа за билатералните односи, како и за регионалните и глобалните прашања, јавува Анадолу.

Ердоган се сретна со Орбан за време на посетата на Будимпешта за неформалниот Самит на Организацијата на туркиски држави.

„За време на состанокот Ердоган рече дека Турција и Унгарија имаат длабоко вкоренети врски и дека ќе продолжат да преземаат чекори за унапредување на соработката во сите области“, соопшти Дирекцијата за комуникации при турското Претседателство.

Тој истакна дека одржувањето на Самитот на Организацијата на туркиски држави во Унгарија, која е членка набљудувач, ја покажува важноста на организацијата за Будимпешта.

Ердоган додаде дека тоа што Самитот на Организацијата на туркиски држави се одржа во Унгарија, која е членка набљудувач, ја покажува важноста што организацијата ѝ ја придава на Унгарија.

Тој, исто така, нагласи дека Унгарија додава моќ на Организацијата на туркиски држави.

„Нагласувајќи дека заживувањето на процесот на пристапување на Турција во Европската Унија, исто така, е во интерес на Европа, претседателот Ердоган додаде дека Турција може да придонесе за ЕУ ​​во многу области, особено во областа на безбедноста“, се нагласува во соопштението.

Ердоган ги истакна напорите на Турција за ставање крај на војната меѓу Русија и Украина со праведен и траен мир, како и итната потреба од прекин на огнот и итно започнување на мировни преговори.

Ердоган денес допатува во унгарската метропола Будимпешта за да присуствува на неформалниот Самит на Организацијата на туркиски држави.

Ердоган го придружуваа првата дама Емине Ердоган, директорот за комуникации Фахретин Алтун и Акиф Чагатај Килич, главниот советник на претседателот за надворешна политика и безбедност.

Турција, заедно со Азербејџан, Казахстан, Узбекистан и Киргистан, е земја членка на Организацијата на туркиски држави, а Унгарија, заедно со Туркменистан и Турската Република Северен Кипар, се земји набљудувачи.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шај Гилџус-Александер е МВП на НБА

Следно

Гаши во 24 анализа: Иницијативата на СДСМ за лидерска средба каде ќе разговараме за уставни измени е одлична

Latest from Blog

Меџити: Чаир се гради со работа, а не со зборови

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, порача дека летниот период се користи за забрзување на инфраструктурните проекти и завршување на работите со што помалку пречки за граѓаните. „Летото не е сезона за

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

Пораката како што посочи генералниот секретар на Алијансата Руте е дека потребна е модернизација на одбранбените капацитети, во време кога заканите стануваат се покомплексни и понепредвидливи. Алијансата како што оцени тој е

Николоски: Од една точка ќе се добиваат услуги од 15 институции за побрз увоз, извоз и транзит

Националниот Едниошалтерски Систем претставува еден од најзначајните проекти за дигитализација и модернизација на постапките со увозот, извозот и транзитот на стоки. Неговата цел е да обезбеди единствена електронска платформа преку која компаниите

МБИ10 со ново намалување: Над 13 милиони денари промет на берзанската сесија

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 07.07.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.403,28 поени. Во однос
Go toTop