Љутков: Ние не го чуваме само делото на светите браќа Кирил и Методиј– ние го живееме нивното наследство

May 21, 2025
1 min read

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска во Порта Македонија се обрати на состанокот на Генералната асамблеја на Европската рута на Светите Кирил и Методиј.

Во своето обраќање министерот истакна дека Македонија не само географски, туку и духовно и културолошки е длабоко вградена во мисијата на светите браќа и нивните ученици, соопшти Министерството за култура.

– Реализацијата на Генералната асамблеја токму овде е симболично и значајно бидејќи Македонија не само географски, туку и духовно и културолошки е вградена во мисијата на светите браќа Кирил и Методиј, како и на нивните ученици. Делото на Солунските браќа, што го постави темелот на словенската писменост и духовност, длабоко е врежано во нашето културно наследство и во колективната меморија на македонскиот народ. Овде, на овие простори, нивната мисија не само што беше прифатена – таа продолжи да живее, да се шири, да се пренесува со љубов од генерација на генерација. И денес, како дел од оваа културна рута, ние не го чуваме само нивното наследство туку и  го живееме, рече министерот Љутков.

Тој посочи дека Министерство за култура и туризам, со голема почит и ентузијазам ќе продолжи да партиципира и да ги  поддржува рутите на Советот на Европа.

– Нашата земја е посветена на зачувувањето и афирмирањето на ова културно богатство и од тие причини, Министерството за култура и туризам ја поддржува и партиципацијата на Македонија во: Винската културна рута, Рутата на римските императори и Дунавската римска рута. За афирмација на рутите кај пошироката културна јавност, минатиот месец го реализиравме и форумот „Културните рути на Советот на Европа во функција  на културниот туризам“, на кој учествуваа гости од земјава и од странство, од академскиот, туристичкиот, економскиот и од поширокиот културен сектор, рече Љутков.

Тој истакна дека особено е значајно учеството на Институтот за македонска литература при УКИМ и на Институтот за старословенска култура од Прилеп во рамките на Европската културна рута на Светите Кирил и Методиј, што ќе придонесе за значајна културна, научна и туристичка промоција на кирилометодиевското наследство нераскинливо поврзано со духовната почва на Македонија, стои во соопштението од Министерството за култура.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Стадо диви коњи слободно галопира по висорамнините на планината Јама во Турција

Следно

Во Битола одбележан 21 мај – Светски ден на културната различност

Latest from Blog

За прв пат – јавно: ОВА СЕ КИНЕСКИТЕ ЗАКЛУЧОЦИ ЗА АМЕРИКАНСКАТА ВОЈСКА ПРОТИВ ИРАН

Кинеските научници анализирале детални сателитски снимки за да ја проценат вистинската штета на американските воени бази на Блискиот Исток, откривајќи дека и Вашингтон и Техеран ги манипулирале податоците и дале неточни тврдења

Нови спортски терени за учениците од ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ – Битола инвестира во младите

тек се интензивни градежните активности за реконструкција на спортските игралишта во ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ во Битола, каде што учениците наскоро ќе добијат современи услови за спорт и рекреација. Реконструктивните зафати започнаа кон

Евростат: Македонија со најнизок животен стандард во Европa

Според податоци што ги објави Евростат Македонија минатата година имала најнизок животен стандард меѓу европските земји. Индексот на Македонија изнесува 49,7, при што просекот на Европската Унија е поставен на 100. Тоа

Димитриеска-Кочоска: Поддршката од САД е важна за унапредување на реформските процеси

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска оствари средба со вршителот на должноста амбасадор на САД, Никол Варнс, на која биле разгледани економските приоритети, реформските процеси и можностите за понатамошно продлабочување на соработката
Go toTop