Сиљановска-Давкова: Културата е најмоќниот ресурс на малите народи

May 21, 2025
1 min read

На моите европски пријатели им говорам, а и на (Емануел) Макрон му кажав, ако велите дека ЕУ е филозофија, а не само машинерија или недовршена симфонија без Западниот Балкан, тогаш морам да ве потсетам дека филозофија без вредности и принципи нема. Вредностите и принципите се вградени во вашите конститутивни акти, дека ќе го почитувате културниот и националниот идентитет на секој народ, дигнитет и интегритет на секој човек, тоа е темелот на ЕУ. Во спротивно, тоа е само уште едно здружување во потрагата по моќ и влијание во светот, рече денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

– Не знам дали го чекаме Годо ама ова станува маратон, нагласи Сиљановска Давкова во обраќањето на третиот Форум за културна дипломатија на сесијата „Мали држави, големо влијание: Справување со глобалните предизвици преку заеднички мултилатерализам“, порачувајќи оти културата е најмоќниот ресурс на малите народи.

Културната дипломатија, како што посочи, може да помогне да го трансформираме општеството, културната дипломатија гради мостови отпорни на политички спинови, популизам, манипулација и демагогија.

– Нема поголем успех за една држава од тоа да има почитувачи и вљубеници меѓу другите народи, религии и луѓе. Културата е најмоќниот ресурс на малите народи, нема подобра инвестиција од онаа во образованието, наукатa, културата и спортот зашто таму нема мали и големи. Малите културни средини како македонската, наместо да растат во широчина, се креваат во височина. Таа иднина е вистинската, истакна претседателката.

Според неа, ретко кој во светот ги знае имињата на македонските политичари, но многумина слушнале за уникатниот седумосмински такт, за ремек делата на Чемерски, филмовите на Манчевски, македонисимото на Трпчевски,…

Сиљановска Давкова посочи и дека прашањето е како да се изград мир меѓу државите зашто силните го прават тоа што можат, а малите тоа што мораат.

Меѓу учесниците во денешната дебата од форумот се и поранешниот претседател Ѓорге Иванов, поранешниот чешки претседател Вацлав Клаус, поранешениот претседател на ГС на ООН Волкан Бозкир, Розета Епифани од Кабинетот на претседателот на Советот на министри на Италија и Хенри Џонс, претседател на COFR Technologies и советник на државниот секретар на Арканзас.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Фидан: „Се наоѓаме на пресвртница на патот кон дипломатско решение за војната меѓу Русија и Украина“

Следно

Сиљановска одлучила кој ќе биде идниот гувернер – името денеска во Собрание

Latest from Blog

Германската полиција уапси Сириец во Берлин кој планирал терористички напади

Полицијата во Берлин уапси 22-годишен Сириец поради планирање терористички напади во германската престолнина, соопшти денес канцеларијата на државниот обвинител. Повикувајќи се на извори во безбедносните служби, весникот „Билд“ објавува дека 22-годишниот Абдала

Андоновска: Граѓаните низ цела Македонија со голема излезност во вториот круг, изборите фер и демократски

Граѓаните низ цела Македонија, во општините каде што има втор круг во голем број излегуваат на гласање, рече Викторија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ. „Досегашниот тек на изборниот ден, во рамките на вториот круг

Пред српското Собрание почна штрајк со глад мајка на дете загинато во падот на бетонската настрешница во Нови Сад

Дијана Хрка, мајката на Стефан Хрка, еден од жртвите изјави дека „останува во штрајк со глад и нејзините бањара се јасни“ „Сите одговорни за падот на бетонската настрешница мора да бидат гонети

Келн добитен против Хамбургер

Тимот на Келн во првиот од двата денешни дуели во Бундес лигата на домашен терен успеа да слави против Хабургер со убедливи 4:1. Во дуел во кој дојде до двојно водство по
Go toTop