ВИДЕО Арсовска пренесуваше во живо инспекција на нелегален градежен објект: „Овие тука си одлучиле да си прават зграда без ниту еден документ“

May 21, 2025
1 min read

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, беше во инспекција на нелегален објект во Општина Чаир и сето тоа го емитуваше во живо на социјалните мрежи. Таа во живо се вклучи додека одеше во објектот, и побара од МВР да реагира.

Таа рече дека објектот се гради без никакви документи.

„Во моментов во општина Чаир спротивно на закон си почнале нова дивоградба, за жал во овој момент не реагира МВР, го повикуваме министерот Тошковски кој би требало да реагира, и го повикуваме Стојанче Ангелов овие необезбедениве дупки, каде може сакој случаен минувач да се повреди, да излезат на лице место и да ни кажат дали има сејфти фрст. Направен сериозен ископ, започната градба. Општина Чаир и „принцезата на дивоградбите“ го нема никаде. Возила нерегистрирани кои работат на објектот, без никаква дозвола, нема платено комуналии, нема одобрение за градење, нема проект, нема ниту еден документ со кој се гарантира безбедност на градба, и да не се чудиме она кое се случува во Македонија. Дополнително објектот е во ГУП на Скопје, каде овие тука си одлучиле да си прават зграда без ниту еден документ“, рече Арсовска.

Притоа, Арсовска зборуваше и со оние кои се ангажирани за изградба на објектот, кои не добиле налог. Рече дека на објектот нема никакво план на градба ниту проект. Потоа побара налог од вработен на фирмата, и се расправаше со него.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ПОЧИНА АКТЕРОТ ЏОРЏ ВЕНД ОД СЕРИЈАТА „КАФУЛЕТО НА ЗДРАВЈЕ“

Следно

Фидан: „Се наоѓаме на пресвртница на патот кон дипломатско решение за војната меѓу Русија и Украина“

Latest from Blog

Николовска: СЈО ги чинеше граѓаните милионски суми, а резултатите изостанаа

Во вчерашното издание на емисијата „Анализа“ на ТВ 24, гостуваше Ружица Николовска, член на Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, која во реплика на Ленче Ристоска, јавен обвинител, се осврна на начинот на кој
Go toTop