ПОЧИНА АКТЕРОТ ЏОРЏ ВЕНД ОД СЕРИЈАТА „КАФУЛЕТО НА ЗДРАВЈЕ“

May 21, 2025
1 min read

Почина американскиот актер Џорџ Венд, еден од главните ликови во комичната серија „Кафулето На здравје“  (Cheers) од 1980-тите, а кој подоцна направи театарска кариера на Бродвеј во мјузиклите „Уметност“, „Лак за коса“ и „Елф“. Имаше 76 години.

И покрај долгата кариера, тој остана познат по ликот на Норм Петерсон во „Кафулето На здравје“, улога со која најмногу го поврзуваа. За неа доби шест номинации за наградата „Еми“ за најдобар спореден актер во хумористична серија од 1984-1989.

И покрај долгата кариера, Венд тој остана познат по ликот на Норм Петерсон во „Кафулето На здравје“, улога со која најмногу го поврзуваа. (Фото: АП)

Серијата беше фокусирана на симпатичните пријатели во барот во Бостон, а главните улоги ги толкуваа Тед Дансон, Шели Лонг, Реа Перлман, Келси Грамер, Џон Раценбергер, Кирсти Али и Вуди Харелсон. За Венд немало големи надежи кога бил на аудиција за популарната серија. Првично, агентот му кажал дека добил мала улога во која ќе каже само една реченица.

„Кафулето На здравје“ беше премиерно прикажана на 30 септември 1982, а првата сезона ја помина со слаба гледаност. Околу 80 милиони луѓе го гледаа финалето 11 години подоцна.

Венд стана миленик на публиката со неговите смешни реплики што ги кажуваше додека седеше на шанкот. По серијата, Венд глумеше во ситкомот „Шоуто на Џорџ Венд“. Во 2023, тој се натпреваруваше на шоуто „Маскиран пејач“.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Научници тврдат: Мразот се топи со рекордна брзина, нивото на морето не престанува да расте

Следно

ВИДЕО Арсовска пренесуваше во живо инспекција на нелегален градежен објект: „Овие тука си одлучиле да си прават зграда без ниту еден документ“

Latest from Blog

„Турнирот е наместен! И честитам на Аргентина на титулата на ова СП!“(ФОТО)

ФОТО:x.com/Footballtweet Сите во таборот на селекцијата на Египет по поразот од Аргентина беа гневни, особено Мустафа Зико кој не го криеше своето негодување по елиминацијата во осминафиналето на Светското првенство. Поголемиот дел

Милиони луѓе присуствуваа на погребната поворка на Али Хамнеи

Погребната поворка започна од џамијата Џамкаран и продолжи по авенијата на Пророкот Мухамед, на растојание од околу седум километри, до светилиштето на Хазрат Фатима Масуме. Од раните утрински часови, областа околу светилиштето

Во кои европски земји се намали, а во кои се зголеми продажбата на куќи?

Во изминатите две години, бројот на продадени куќи во Хрватска драстично се намалил. Како што објави во понеделник европската статистичка служба Евростат, минатата година продажбата на куќи во ЕУ се зголеми во

Меџити: Чаир се гради со работа, а не со зборови

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, порача дека летниот период се користи за забрзување на инфраструктурните проекти и завршување на работите со што помалку пречки за граѓаните. „Летото не е сезона за

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

Пораката како што посочи генералниот секретар на Алијансата Руте е дека потребна е модернизација на одбранбените капацитети, во време кога заканите стануваат се покомплексни и понепредвидливи. Алијансата како што оцени тој е
Go toTop