Усвоен договорот со британската Влада за стратешко партнерство – в четврток Николоски во Лондон!

May 20, 2025
1 min read

Денеска на владина седница е усвоен договорот со британската Влада за стратешко партнерство.

За ова е овластен вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски да го потпише на церемонија во Лондон закажана за четврток.

„Владата на Обединетото Кралство става на располагање шест милијарди евра за реализација на проекти во Македонија. Ова ќе биде проектно финансирање и исклучиво со реализација на проекти. Влегуваме во партнерство со ОК, клучен западен сојузник што јасно ја дефинира политиката на Владата, но исто така и позицијата на Македонија како прозападна држава која ги почитува евроатлантските вредности. Целта на договорот е да воспостави партнерство за реализација на инфраструктурни проекти во секторите здравство, транспорт, технологија, енергетика, дигитална трансформација“, рече на прес-конференција во Владата вицепремиерот Николоски.

Во владината делегација ќе бидат и вицепремиерот Изет Меџити, министерката за обарзование Весна Јаневска и директорот на МЖ Инфраструктура Синиша Ивановски.  

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Синдикалната кошница поскапа за 1.217 денари – ССМ бара зголемување на платите

Следно

Директорот на турски МИТ, Калин, во Сирија се сретна со претседателот Шара и неговата делегација

Latest from Blog

Николовска: СЈО ги чинеше граѓаните милионски суми, а резултатите изостанаа

Во вчерашното издание на емисијата „Анализа“ на ТВ 24, гостуваше Ружица Николовска, член на Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, која во реплика на Ленче Ристоска, јавен обвинител, се осврна на начинот на кој

Божиновска: Да создадеме услови секој млад човек да го покаже својот потенцијал

Креативноста и потенцијалот на учениците со попреченост беа во фокусот на проектот „EVN4Environment“, во кој учествуваа 10 училишта и повеќе од 100 ученици. Преку креативни работилници, учениците создаваа пораки и дизајни посветени
Go toTop