Синдикалната кошница поскапа за 1.217 денари – ССМ бара зголемување на платите

May 20, 2025
1 min read

Минималните трошоци за живот на едно четиричлено семејство во мај достигнале 63.908 денари, што е за 1.217 денари повеќе од април, соопшти денеска Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).

Ако семејството живее во изнајмен стан од 60 квадратни метри, синдикалната кошница скокнува на 79.283 денари. Најголемо зголемување е забележано кај трошоците за храна и пијалоци – 22.434 денари, што е речиси 1.000 денари повеќе од претходниот месец.

– Цените продолжуваат да растат без контрола, особено кај основните прехранбени производи, а платите не ги следат овие трендови. Секојдневно расте бројот на граѓани кои чувствуваат неправда и бараат повисоки плати, велат од ССМ.

Од таму предупредуваат дека по истекот на владините антикризни мерки, животот станува сè поскап, а потребата од усогласување на платите со реалните трошоци за живот станува итна.

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Косово забрани увоз на пилешко месо од Бразил

Следно

Усвоен договорот со британската Влада за стратешко партнерство – в четврток Николоски во Лондон!

Latest from Blog

Иран му порача на Трамп: Нема да влезете триумфално во Пекинг

 „Господине Трамп, немојте ни да помислите дека со искористување на моменталното затишје во Иран, ќе можете триумфално да влезете во Пекинг“, изјави Али Акбар Велајати, цитиран од полуофицијалната новинска агенција Тасним во

Министерот Мисајловски на отворањето на одбранбениот саем во Братислава

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска на покана на својот словачки колега Роберт Калинак ќе присуствува на отворањето на меѓународниот саем за одбранбена и безбедносна технологија – IDEB, кој се одржува во
Go toTop