Инфлацијата не ѝ може ништо на Швајцарија

March 1, 2023
1 min read

Лани Швајцарија имаше инфлација а од 3.5%, за неа рекордна во последните три децении. Стапката е висока за нивни стандарди, но е далеку под двоцифрените стапки наоколу (во еврозоната е 10.6%).

Главен чинител на таквиот имунитет е тоа што зборуваме за една од најбогатите земји на светот, и како држава и како поединци. Има БДП што го надминува оној на САД, Јапонија и Германија, а просечно богатство на човек е 696.604 долари. Тоа значи дека тие граѓани трошат помал процент од своите примања на основни намирници и домување, па оттаму и помалку се засегнати од растот на цените.

Друг клучен фактор е стабилноста на швајцарскиот франк, моќен поради силните покритија во злато, обврзници и финансиски средства и затоа важи за „безбедно пристаниште“ во финансики неммирни времиња.

И увозот- извозот им е балансиран. Увезуваат 302 милијарди долари годишно, главно од комшиските земји-членки на ЕУ (при што силниот франк им годи) а извезуваат 305 милијарди долари годишно.

Дополнително, Швајцарија помалку зависи од увозот на гас и нафта во однос на некои други европски земји, благодарение на хидроелектраните. А имаат 1.500 езера. Швајцарските снабдувачи со енергија се најчесто во јавна сопственост, што значи дека се помалку изложени на екстремните хирови на пазарот, а поподложни на строги ценовни регулативи. 

На крајот од 2022-ра година, цените на енергенсите во Швајцарија пораснаа за 16,2% – под нивоата со кои се соочија нивните главни конкуренти како Германија (25%), Холандија (30%), Обединетото Кралство (52,3%) и Италија (64,7%).

Покрај енергијата, Швајцарија има строга контрола врз цената на добрата и услугите, што ги прави помалку подолжни на флуктуации предизвикани од инфлација. Од основните производи кои се користат за мерење на инфлацијата во еврозоната, вклучувајќи ја и храната, домувањето и транспортот, во Швајцарија на регулирање подлежи речиси една третина, повеќе одошто во која било европска земја. Цената на храната во земјата порасна за годишна стапка од 4% во декември минатата година, споредбено со 11.9% во САД, 16.9% во Обединетото Кралство и 19.8% во Германија. 

Швајцарската национална банка очекува годинава инфлацијата да се спушти 2.4% а догодина на 1,8%.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мурињо суспендиран два натпревара, а треба да плати и парична казна

Следно

Тазе сменетите министри за влакно ја избегнаа одлуката на Уставниот суд со која се укинува апанажата за разрешените функционери

Latest from Blog

ЕУ повика на повторно отворање на Ормускиот теснец и прекин на нападите врз енергетската инфраструктура

Таа нагласи дека инфлацијата на краток рок ќе расте преку повисоки цени на енергенсите, додека пак за среднорочните економски влијанија преусдни ќе бидат интензитетот и времетраењето на војната, како и притисокот од

МЗШВ: Нема привилегирани и заштитени, секој што се огрешил и ја злоупотребил функцијата, ќе одговара

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство најостро го осудува секое незаконско постапување и противправно дејствување, вклучително и последниот случај со директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, велат во соопштение од ресорното министерство.

По деценија пауза – Жолтата боја се враќа: ФФМ го претстави новиот дрес на фудбалската репрезентација

Фудбалската федерација на Македонија преку социјалните мрежи го најави новиот дрес на македонската репрезентација, со кој националниот тим ќе настапи во претстојните плеј-оф натпревари за Светското првенство. Во објавата на Фудбалска федерација

Репрезентацијата доби нов изглед – ФФМ ја врати жолтата боја

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги претстави новите дресови на македонската фудбалска репрезентација, со кои националниот тим ќе настапи во претстојните плеј-оф натпревари за Светско првенство. По повеќе од една деценија, во
Go toTop