Заврши доказната постапка во судскиот процес за пожарот во модуларната болница – завршните зборови во мај

April 22, 2025
1 min read

Заврши доказната постапка во повторениот судски процес за обвинетите Флорин Бесими и Артан Етеми и ЈЗУ Клиничка болница во Тетово, како правно лице, кои се обвинети за кривичното дело „тешки дела против општата сигурност“, во врска со пожарот што на 8 септември 2021 година изби во модуларната болница во Тетово.

Тогаш животот го загубија 14 лица.

Во тек на расправата прво се читаа искази на сведоци на Обвинителството дадени во првиот судски процес, а потоа се прочитаа и три искази дадени на сведоци предложени од одбраната на обвинетите.

Кога судијата Реџеп Муса констатираше дека заврши доказната постапка ги праша сите страни во процесот дали може да се продолжи расправата со завршен збор.  

Адвокатот Илчо Гавровски, бранител на обвинетиот Бесими, побара одбраната да добие препис на електронски докази, што беше одбиено од судот. Судијата обраложи дека истите електронски докази веќе биле репродуцирани на 18 март 2025 и дополнително барање за издавање на препис на такви докази е во спротивност на начелото за ефикасна и економична постапка.

По барање на адвокатите на бранителите и согласност на полномошниците на оштетените и Обвинителството, судот определи завршните зборови да се искажат на 12 мај со почеток во 10 часот.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Со стихови на македонски и англиски Никола Маџиров го отвори Фестивалот на светската литература во Њујорк

Следно

Моќна ерупција на вулканот Поас во Костарика

Latest from Blog

Тројца загинале во Уганда- се судриле со слон

Полицијата соопшти дека уште четири лица се повредени во несреќата, што се случила во Националниот парк Мерчисон Фолс на северозападниот дел од земјата во недела навечер. Седум службеници на Управата за приходи

Малолетничка со породилни болки донесена на Гинекологија, мајката приведена

Малолетничка со породилни болки вчера била донесена на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, по што интервенирала полицијата, а нејзината мајка била приведена. Според информациите од МВР, случајот бил пријавен
Go toTop