Словенечки суд го ослободи поранешниот премиер Јанша од обвиненија за корупција

April 19, 2025
1 min read

Суд во Словенија вчера донесе првостепена пресуда со која ги ослободи од обвиненијата за злоупотреба на службената должност и за корупција поранешниот премиер Јанез Јанша и двајцата наводни соучесници.

Јанша, претседателот на најголемата опозициска Словенечка демократска партија, го отфрли обвинението како обид да се отстрани од политиката пред општите избори во 2026 година.

– И покрај тоа што беше јасна и видлива фарса од самиот почеток, обвинителот побара две години затвор, изјави Јанша по излегувањето од судот. Тој додаде дека ова е победа, но оти борбата не е завршена.

Ослободителната пресуда, според него, доаѓа по речиси 15 години испитувања, судења, клевети и кражби на здравје, живот, слобода и време.

– Одложената правда е негирана правда, без разлика каков е крајниот резултат. Затоа нашата борба допрва почнува, рече Јанша.

Стотици негови приврзаници се собраа пред зградата на судот во Целје, веејќи словенечки знамиња и носејќи транспаренти со обвинувања против судството, јавија словенечките медиуми.

Обвинителството најави дека по доставување на писмени образложенија ќе ја обжали пресудата до повисок суд.

Пратеникот во Европскиот парламент Бранко Гримс во изјава за РТВ Словенија рече дека ослободителната пресуда е „резултат на тоа што е невозможно да се брани пресудата пред меѓународната јавност, која исто така беше информирана за настаните“.

Според него, останува фактот дека ова судење никогаш не требало да се случи и оти тоа е „грубо, бесрамно кршење на човековите права“.

– Првото рочиште беше закажано за роденденот на сопругата на Јанез Јанша, Уршка Бачовник, второто рочиште за роденденот на Јанез Јанша, пресудата беше објавена на Велики петок, рече тој и додаде дека тоа е „чисто судско малтретирање“.

Јанша (66) беше обвинет за злоупотреба на службената положба при продажба на имот во 2005 година, во првиот мандат како премиер.

Во предметот беа опфатени и директорите на две фирми Бранко Кастелиќ и Клемен Гантар кои биле вклучени во низа трансакции поврзани со продажба на парцела во сопственост на Јанша во замена за купување стан за него во Љубљана.

Јанша, кој се залагаше за словенечка независност од тогашна Југославија во 1991 година, во 2013 година беше осуден на две години затвор за поткуп во договор со финската одбранбена група „Патрија“ во 2006 година, во вториот мандат како премиер.

Тој ги отфрли сите обвинувања.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

На граничниот премин кон Србија се чека од 20 до 30 минути, а кон Грција до 15 минути

Следно

Тошковски: Неприлагодена брзина причина за несреќата кај Кичево, бројките за жртви во сообраќајот се катастрофални

Latest from Blog

Кремљ: Путин е подготвен да разговара за предлогот на Зеленски за ненапаѓање на цивилната инфраструктура

Русија е подготвена да го разгледа предлогот на украинскиот претседател Володимир Зеленски за прекин на нападите врз цивилната инфраструктура, изјави денеска портпарлот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тој додаде дека во моментот нема

Партијата „Вреди“ ќе има претседателство од 23 члена, претставници на сегашните коалициски партии

Претседателот на Движење Беса, Биљал Касами од Тетово денеска  информираше дека во текот на неделата партиите кои ја сочинуваат коалицијата „Вреди“ ќе именуваат вкупно 23 свои претставници за претседателство кое ќе се

Разнобојниот жив свет во аквариумите вистинска визуелна „гозба“ за посетителите

СКОПЈЕ (АА) – Разнобојниот жив свет во аквариумите отсекогаш го привлекувал вниманието на посетителите поради можноста да се „нурнат“ во богатиот екосистем на длабоките мориња и океани. Фоторепортерот на Агенција Анадолу го

КФМ: Продолжуваат натпреварувањата во сите кошаркарски лиги

Кошаркарската федерација на Македонија ја информира јавноста дека во текот на оваа седмица ќе бидат подмирени долговите кон судиите кои протестираа во изминатиот период, што доведе до прекин на натпреварувањата во машка

Снимка со дрон од расцветаните лалиња во Холандија

СКОПЈЕ (АА) – Снимка со дрон ги прикажа расцветаните лалиња во една од најголемите цветни градини во светот, „Којкенхоф“, позната и како „Градината на Европа“, во холандскиот град Лисе, јавува Анадолу. Градината
Go toTop