Љутков направи три тешки утки во еден ден, премногу од министер за култура

April 19, 2025
2 mins read

Неподносливата леснотија на оваа изјава и намера е само дополнителна виктимизација на Скопје, град кој и десет години после катастрофата со Скопје 2014 никако не може да се извлече од пост-трауматската состојба во која го ставија самобендисаните и самоповикани архитекти и урбанисти.

Зоран БОЈАРОВСКИ

Министерот за култура и за туризам Зоран Љутков постигна рекорд. За еден ден направи три тешки утки што е премногу за толку кратко време од еден член на Владата.

Од сите гафови и утки, онаа што ќе му направи најголема штета и на него и на Владата е што ги остави вработените во културата без плата за време на Велигденските празници.

Оваа утка е дури двојна или тројна. Наместо со мартовската да се корегираат платите во секторот култура како што беше утврдено со колективниот договор од 2021, вработените во културата се соочија со проблеми и дури остаанаа и без плата за време на четиридневните празници.

Наместо да ги исполни обврските кон културњаците кои законски им следуваат, од Министерството за култура беа пуштани спинови дека културните работници не ја заслужуваат платата што ја земаат, дека не работат ништо, се манипулираше со висините на платите во културата и слично.

Така велат во соопштението од Синдикатот за култура.

Сега Љутков ќе гаси пожари, ако „има вода“, од 23 април натаму за кога вработените во културата ќе го  започнат штрајкот.

Културно наследство за бизнис профит

Втората утка на Љутков е најавата дека културното наследство ќе му се препушти на бизнис секторот.

Ќе иницирал менување на законот за да му се овозможи на приватниот сектор да може да прави бизнис од него објектите и арехолошките локалитетите што му припаѓаат на културно-историското наследство и на тој начин да се материјализира целата работа.

„Затоа ние денес разговараме за законски измени да може да се отвори структурата како владини институции нашето културно наследство да го дадеме на приватниот сектор за да може да прави бизнис од него. На тој начин со приватно јавно партнерство може да се материјализира целата работа. Целиот свет се отвори на тој начин, а само ние останавме да го штитиме и да го затвораме. Јас ќе жалам ако сега не ги отвориме законите и не направиме промени“ изјави Љутков.

Љутков, очигледно од што немал идеја што да прави со секторот туризам што Владата му го „залепи“ на Министерството за култура, му светнало дека вредностите што ја раскажуваат нашата историја, кои ја обликуваат нашата колективна меморија и идентитет, да ги третираа – како деловна зделка. Како имот за експлоатација. Како недвижност, не како духовна вредност.

Ова катастрофална иницијатива која веднаш треба да биде запрена.

Ако не знае како да го заштити и афирмира културното наследство подобро е веднаш да се повлече од позицијата министер за култура додека не предизвикал поголема штета.

Бруталноста на самоповиканите политичките архитекти

И третата, многу симптоматична утка, односно намера, која може да биде двојна утка откако неговата партија го уништи Скопје во проектот „2014“, е да го врати „брутализмот“ како архитектонски израз зашто Скопје по тој правец бил познато како „светска престолнина на брутализмот“.

Тоа што голем број објекти од „брутализмот“ беа уништени или фасадирани со гипс картон од Никола Груевски, претседателот на партијата во која Љутков е проминентен член, него не му пречи.

Додуша сега вели дека не го оправдува „Скопје 2014“ и дека „нештата може да се сменат и вратат на првобитниот изглед, бидејќи се само прикриени, но не и уништени како олеснителна околност“.

Неверојатна изјава. Ќе ги враќа маскираните објекти од Скопје 2014 во првобитниот изглед.

Неподносливата леснотија на оваа изјава и намера е само дополнителна виктимизација на Скопје, град кој и десет години после катастрофата со Скопје 2014 никако не може да се извлече од пост-трауматската состојба во која го ставија самобендисаните и самоповикани архитекти и урбанисти.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Посебен сообраќаен режим и ограничувања околу верските објекти во Скопје

Следно

Гужви на границите – до 30 минути чекање кон Србија и Грција

Latest from Blog

Утре топло со температура до 38 степени

Управата за хидрометеоролошки работи за утре прогнозира многу топло време. Утринската температура ќе биде од 11 до 19 Целзиусови степени, а во текот на денот од 26 до 38 степени. Од понеделник

Судиски камери ќе се користат за преноси на натпревари од Светското клупско првенство

Светската фудбалска асоцијација објави планови за користење камери монтирани од судиите за време на натпреварите од Светското клупско првенство 2025. – Една од главните цели на овој тест е да се открие

Тешко рибарење на мавританските рибари

НУАКШОТ (АА) – Серхат ЗАФЕР Рибарите во Мавританија, западноафриканска земја со крајбрежје во должина од 754 километри на Атлантскиот Океан, во текот на целиот ден ловат риба, известува Анадолу. Риболовот е меѓу

Тешка несреќа на патот Скопје – Тетово – загина 19 годишна девојка!

На 06.06.2025 во СВР Скопје било пријавено дека во 16.20 часот на регионалниот пат Скопје-Тетово, патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 22-годишната М.Џ. од с.Семениште, општина Сарај, излетало од

Филипче: Бугарија треба да каже дека нема да има барања на непринципиелна основа

Бугарија треба да каже дека нема да има барања на непринципиелна основа, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на маалска средба во Прилеп. „Бугарите треба да направат навистина еден чекор, еден нивни
Go toTop