Во Битола отворена „Куќа на Европа“ за младите

February 27, 2023
1 min read

Евроамбасадорот Дејвид Гир и градоначалникот на Битола Тони Коњановски во присуство на министерката во Министерството за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, денеска потпишаа Меморандум за разбирање за отворање „Куќа на Европа“ во Офицерски дом во Битола.

Со овој проект ние целосно го почитуваме културното наследство и минато на офицерскиот дом кој има уникатен белег, истакна евроамбасадорот Гир на свеченоста во битолскиот Офицерски дом.

Европска Куќа е место за младите за да се собираат и разговараат за прашања кои се поврзани со идниот правец на земјата кон ЕУ, како и за својата иднина како идни граѓани на Европската унија. Европска Куќа е прозорец низ кој се гледа од двете страни, во два правци. Првиот правец на кој младите може да гледаат е патот кој води до ЕУ, а вториот правец од прозорецот е можноста државите членки на ЕУ да го видат огромното културно наследство што го има државата и градот Битола и да го понудат на европската унија. Со овој проект ние целосно го почитуваме културното наследство и минато на офицерскиот дом кој има уникатен белег и сакаме да го пополниме ова место со млади луѓе, со идеи и дискусии…и затоа граѓаните Европската Куќа треба да ја чувствуваат како своја куќа, како свој дом, посочи амбасадорот Гир.

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска потсети на историјатот, историската вредност и европската иднина на битолскиот Офицерски дом.

Офицерски дом пркоси на сите погоди и непогоди кои се случиле во Битола, а во 2016 година пркосеше на продажбата на која што беше ставен како безимен објект, но благодарение на гласот на битолчани тоа беше спречено. Офицерски дом минатата година доби заштита од највисок национален интерес за да може да ја добие грижата која ја заслужува. Затоа чест е што преку концептот Европска Куќа ќе можеме да ги видиме сите убавини кои ќе придонесат за развивање на културната сцена во Општина, нагласи министерката Костадиновска-Стојчевска.

Со денешното потпишување на Меморандумот за разбирање, Битола продолжува европски да се развива посочи градоначалникот Тони Коњановски и додаде дека преку соодветно организираниот простор ќе биде наменет за младите, за средби, дискусии и учења, информирање.

Продолжуваме со активности кои значат функционалност, одржливост и успешност на еден проект реализиран со финансиска поддршка од европските фондови, а тоа е реконструираниот Офицерски дом. Дополнителна потврда за нашиот ангажман и тенденцијата за овој културно историски споменик да блеска во сиот свој сјај се и податоците на од работењето на КИЦ кој го организира работењето на офицерскиот дом, а кои говорат за реализирани над 400 настани со над 65.000 посетители. Нашата соработка со Делегацијата на ЕУ продолжува со поддршка на повеќе проекти на кои работиме, изјави градоначалникот Коњановски.

 

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Јаулески за Алијанса на Албанците: Таравари е заложник на Груби, кога нема да им требаат во владата ќе ги шутнат

Следно

Ердоган им се извини на жртвите од земјотресот: Ве молам да ми простите

Latest from Blog

Иран: 35 бродови поминаа низ Ормускиот теснец со дозвола од Револуционерната гарда

Иранската Револуционерна гарда објави дека десетици бродови минуваат низ теснецот со нивна дозвола, додека висок функционер на Обединетите Арапски Емирати предупреди на сериозните последици од можната иранска контрола врз овој клучен воден

Вартоломеј: Не постои света војна, дури и кога некој ја нарекува така за да и угоди на власта

„Новото создание што ни го дарува воскреснатиот Господ не остава место за омраза и непријателство, туку само за љубов — љубов без граници, сочувство и разбирање. По тоа сите ќе познаат дека

Андрес Иниеста ја стартуваше тренерската кариера

Легендарниот шпански репрезентативец и интернационалец, Андрес Иниеста ја започнува неговата тренерска кариера. Според последните информации, Иниеста започнува од Блискиот исток, односно од тимот на Гулф Јунајтед од Дубаи во Обединетите Арапски Емирати.

ВЛЕН: Граѓаните даваат апсолутна поддршка на новата политичка енергија што ја носиме

Според анкетата спроведена од STRATUM RID, доколку денес се одржат избори, ВЛЕН би бил првата политичка сила во албанскиот политички блок, оставајќи ја ДУИ зад себе. На прашањето „За кого би гласале

Берзанскиот индекс МБИ10 се намали за 6,31 поени, промет над 10,6 милиони денари

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На трговската сесија од 22.05.2026, индексот МБИ10 изнесуваше 9.802,04 поени, со дневен пад од 0,06%, односно 6,31 поени,
Go toTop