Ердоган им се извини на жртвите од земјотресот: Ве молам да ми простите

February 27, 2023
1 min read

Тој ги призна „неуспесите“ во одговорот на земјотресите, додавајќи дека е „невозможно да се биде целосно подготвен за катастрофа од оваа големина“

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска побара „прошка“ од жителите на провинцијата Адијаман за доцното пристигнување на спасувачките тимови, со оглед на тоа што областа на југоистокот на земјата е меѓу најпогодените од земјотресот на 6 февруари.

„Поради разорниот ефект од двата земјотреси и лошите временски услови, не можевме да работиме како што сакавме во првите денови од катастрофата во Адијаман. За ова ве молам да ми простите“,

рече Ердоган при посетата на Адијаман.

Ердоган пристигна во тој град три недели по земјотресот кој ги однесе животите на повеќе од 50 000 луѓе во Турција и соседна Сирија. Турскиот претседател, кој е на власт 20 години и со амбиции да ја задржи функцијата по изборите на 14 мај, беше предмет на жестоки критики за бавноста на земјата во помагањето на жртвите.

„Толку многу згради и објекти беа уништени. За жал не бевме толку брзи како што се надевавме“,

рече Ердоган.

Тој ги призна „неуспесите“ во одговорот на земјотресите, додавајќи дека е „невозможно да се биде целосно подготвен за катастрофа од оваа големина“.

Во провинцијата Адијаман и Хатај луѓето изразија големо незадоволство од одговорот на властите на природната катастрофа. Мехмет Јилдирим тврди дека 34 часа по првиот земјотрес не видел „никого“, ниту државни претставници, ниту полиција или војска, тие биле „оставени сами на себе“.

Ердоган денеска вети дека ќе изгради околу 50 000 нови станови во Адијаман. Треба да се изградат околу 309 000 станбени единици во 11-те провинции погодени од разорните земјотреси.

Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала утринава повторно ја погоди источна Турција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Во земјотресот загина најмалкку едно лице, а 110 се повредени, соопштија турските власти. Во потресот се урнаа и 29 згради.

Денешниот земјотрес се случи три недели од првичниот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала кој ги погоди Турција и Сирија на 6 февруари.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Во Битола отворена „Куќа на Европа“ за младите

Следно

СВЕТОТ НЕ ПРЕСТАНУВА ДА СЕ ШОКИРА – најнова снимка од вториот разорен земјотрес, луѓето скокаат од згради, а тоа што го прават кучињата е нетипично за нив (ВИДЕО)

Latest from Blog

ФОТО: Невеш со емотивна објава се прости од Жота – „Животот нè спои и сега ништо не може да нè раздели“

Фудбалскиот свет сè уште е во шок по трагичната смрт на ѕвездата на Ливерпул и португалски репрезентативец, Диого Жота заедно со својот брат Андре го загуби животот во сообраќајна несреќа во четвртокот

АТС АММО: Пожарот во близина на Самоков целосно локализиран и изгаснат, без опасност по фабриката

Компанијата АТС АММО од Самоков, Македонски Брод, излезе со соопштение по повод денешниот пожар што избувна во близина на нивната фабрика. Од таму информираат дека пожарот бил целосно локализиран и веднаш потоа

Високи температури утре низ државата; портокалово предупредување од УХМР

Утре (недела, 6 јули 2025) се очекува стабилно, претежно ведро време со изразен пораст на температурата и активен портокалов аларм за екстремна горештина на целата територија на Македонија. Општинските служби советуваат ограничување

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе
Go toTop