„АНКА III“ успешно ја погоди целта со ракетата на млазен погон „Супер молња“

April 9, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Беспилотното летало АНКА III развиено од Турската индустрија за воздухопловство и вселена (ТУСАШ) успешно го заврши тестот за гаѓање со исфрлање на ракета воздух-земја „Супер молња“ на млазен погон поставена под неговото крило, известува Анадолу.

Халук Ѓорѓун, претседател на одбранбената индустрија на турското Претседателство, во објавата на својот профил на платформата X, наведе дека интегрираната работа на АНКА III, која има мала видливост и висок капацитет за носивост, со ракетата воздух-земја „Супер молња“ на млазен погон, јасно ја покажува точката до која стигнал офанзивниот концепт на беспилотното летало.

Посочувајќи дека овие системи, кои извршуваат задачи на големи надморски височини и брзини, го покажуваат инженерското ниво што го достигна турската одбранбена индустрија во беспилотните системи, Ѓорѓун рече:

„Од сѐ срце им честитам на сите инженери на ТУСАШ, персоналот на нашата дирекција и подизведувачите кои придонесоа за овој успех. Имаме целосна доверба во инженерската моќ на Туркије, која одлучно напредува кон својата цел.“

Мехмет Демироглу, генерален директор на ТУСАШ, изјави дека значајниот успех на АНКА III уште еднаш ја покажа визијата и решителноста на турскиот инженеринг и додаде:

„Со ‘Супер молња’ не само што ја погодуваме целта со голема прецизност, туку и иднината. Би сакал да им се заблагодарам на сите мои колеги кои придонесоа за ова.“

Беспилотното летало АНКА III, кое успешно изврши тестирања со разновидна домашна муниција, минатиот месец успешно ја погоди целта со истрелување на ракетата ЛГК-82 на АСЕЛСАН.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кливленд ја освои Источната конференција во НБА

Следно

Уставниот суд ќе одлучува дали Џафери го дискриминирал Апасиев

Latest from Blog

„Одисеја“ го надмина „Опенхајмер“- новиот филм на Нолан урива рекорди уште со трејлерот (ВИДЕО)

Оваа бројка не само што го покажува огромниот интерес на публиката, туку поставува и нови стандарди во промоцијата на филмските наслови. Успех што го засени Опенхајмер Интересно е што трејлерот за „Одисеја“

Божиќната фотографија на Меланија и Доналд Трамп предизвика дебата на мрежите: Честитката е „студена“

Претседателот на САД и првата дама стојат држејќи се за раце во Белата куќа, зад нив прекрасна елка и украси што светкаат. И двајцата се врамени со американското и претседателското знаме. Сè

Најмалку десет мртви, повеќе од 20 повредени во експлозија во џамија во Нигерија

Најмалку десет лица загинаа денес кога, според нигериските власти, бомбаш самоубиец активирал експлозивна направа за време на молитва во џамија во градот Мајдугури, главниот град на државата Борно во Нигерија, изјавија безбедносни
Go toTop