Уапсен е директорот на Болницата за геријатриска и палијативна медицина, Мухсин Арифи

April 8, 2025
1 min read

Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска соопшти дека во координирана акција со Министерството за внатрешни работи, се уапсени два лица под сомнение за кривични дела, примање мито и примање награда за незаконско влијание и дека се преземаат мерки за целосно расветлување на случајот.

Станува збор за директорот на болницата за геријатриска медицина, Мухсин Арифи, кадар на Алијанса за Албанците, кој веќе заврши во притвор, под сомнение за примање мито од 20.000 евра. Во притвор завршило и друго лице кое се сомничи дека било посредник. Акцијата за апсење е спроведена во координација помеѓу Министерството за внатрешни работи и Јавниот обвинител за организиран криминал.

Арифи, се сомничи дека преку посредник побарал и примил мито од 20.000 евра за прием на неподвижен болен во геријатриски објект. Арифи беше избран за директор на Геријатриската болница во јули минатата година кога на чело на Министерството за здравство дојде Арбен Таравари. Претходно ја извршуваше функцијата директор на психијатриската болница. Мухсин Арифи истовремено ја извршувал и функцијата на претседател на огранокот на АА на Таравари во Сарај.

Од Алијанса на Албанците, чиј кадар е Арифи, велат дека ова е спротивно на принципите кои ги претставуваат, барајќи од органите на прогон праведност без селекција. АА во соопштението потенцираат дека остануваат посветени на борбата против корупцијата и реформата на државниот систем.

Је јави и лидерот на Алијансата, Арбен Таравари, кој на фб напиша:

„АА апелира до надлежните државни органи што побрзо и ефикасно да ги разјаснат сите околности поврзани со конкретниот кривичен случај. Секој што го прекршил законот треба да носи одговорност, без разлика на етничката, верската или политичката припадност. Давањето правда треба да биде не-селективно и во согласност со сите механизми и основни уставни и законски вредности“, нашиша Таравари.

Во Клиниката за Геријатрија се примаат пациенти постари во потешка здравствена состојба. Се лекуваат пациенти со малигни заболувања, како и пациенти со хронични прогресивни и трауматски заболувања.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Атанасоски во Отворено: „Вреди“ има проблем со легитимитетот кај гласачите, таму има истрошени кадри на ДУИ

Следно

„Магија“ на Рајс за „ерупција“ на „Емирејтс“ (ВИДЕО)

Latest from Blog

Николовска: СЈО ги чинеше граѓаните милионски суми, а резултатите изостанаа

Во вчерашното издание на емисијата „Анализа“ на ТВ 24, гостуваше Ружица Николовска, член на Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, која во реплика на Ленче Ристоска, јавен обвинител, се осврна на начинот на кој

Божиновска: Да создадеме услови секој млад човек да го покаже својот потенцијал

Креативноста и потенцијалот на учениците со попреченост беа во фокусот на проектот „EVN4Environment“, во кој учествуваа 10 училишта и повеќе од 100 ученици. Преку креативни работилници, учениците создаваа пораки и дизајни посветени

Македонското друштво “Илинден“-Тирана на Конгресот на ФУЕН ќе предложи резолуција за унапредување на правата на Македонците во Албанија

Македонското друштво “Илинден“-Тирана, потврдувајќи го учеството на Конгресот на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), најави дека ќе предложи Резолуција за унапредување на правата на Македонците во Албанија. Годинашниот 70. Конгрес на

Димитриеска-Кочоска: ЦЕБ досега одобри 314 милиони евра за 10 проекти во Македонија

17 септември 2026 година, Скопје – Банката за развој при Советот на Европа (ЦЕБ) е долгогодишен и значаен партнер на земјава во реализацијата на проекти насочени кон подобрување на образованието, социјалната инфраструктура
Go toTop