Костова: Вработените во културата понижени – нема поголеми плати, не се почитува Колективниот договор

April 8, 2025
1 min read

Власта на ДПМНЕ ги понижува работниците и ги гази нивните права. За прв пат, минималната плата беше договорена без социјален дијалог, без учество на синдикатите што резултираше со „зголемување“ од срамни 1.800 денари. Истовремено, власта не го почитува ниту општиот Колективен договор – не ги зголемува платите во јавниот сектор за предвидените 12,5%, истакна на прес конференција Кристина Костова, потпретседателка на СДСМ.

„И вработените во Култура се соочуваат со истите понижувања. Се чекаат некакви „насоки“ од Министерството за култура, како да станува збор за доброволна акција, а не за законска должност“, нагласи Костова.

Потпретседателката на СДСМ посочува дека власта ја одолговлекува исплатата на законското зголемување според Општиот Колективен договор за јавен сектор. 

„Тој колективен дговор беше потпишан во 2019 година, во време на СДСМ со што платите во културата ги зголемивме за 53%. Со промената на власта покачувањата на платите се запрени“, укажуваат од СДСМ.

Од таму сметаат дека изговорите се апсурдни, тенденциозни и далеку од правни – лични желби и тивки одлуки на поединци го диктираат стандардот на оние што ја градат културната сцена на оваа држава. 

„Наместо јасна поддршка има само нова доза понижување на вработените во културата“, потенцираше Костова.

Таа наведе дека во дел од институциите под надлежност на министерството за култура веќе се доставени насоки што директно го прекршуваат Колективниот договор

„Платите ќе бидат пониски дури и од тие исплатени во февруари. Иронично, само затоа што не се усогласени со растот на минималната плата иако и тоа е законска обврска Ова не е само беззаконие – ова е казнување на културата. Бараме итна реакција Министерството за култура да постапува според закон, а не според лични инструкции“, рече потпретседателката на СДСМ Костова и дополни дека „вработените во културата заслужуваат достоинство, сигурност и почит и дека платата не е милостина туку право“.

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Системот е следен: Нов протест на иницијативата „Кој е следен?“ во четврток пред Владата

Следно

Рочиште за модуларната болница – роднините бараат одговорност, не обесштетување

Latest from Blog

Џуд е КРАЛОТ: Белингам ја “тресна“ Норвешка и ја однесе Англија во полуфинале!(ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/EnglandTeam/ Норвешка – Англија 1:2 и тоа по продолженија од 2Х15 минути. Ова е исходот од четвртфиналниот меч во Мајами, со што “Трите лава“ се пласираа во полуфиналето. Белингам е херојот, Белингам

Русите потврдуваат: Имаме застрашувачко оружје

Нападите извршени од руските сили на 11 јули со оружје со долг дострел и висока прецизност врз воено-индустриските објекти во Киев ја потврдија способноста на руските вооружени сили сигурно да погодат какви

Пожар избувна во локал во центарот на Скопје

Пожар вечерва избувна во пекара на „Рекорд“ во центарот на Скопје. На теренот веднаш пристигнало едно пожарникарско возило. Засега причините за пожарот се непознати, а повеќе детали се очекуваат утре. На местото

Неверојатно: Додека цела земја го чека дуелот со Англија, денеска продолжи првенството во Норвешка!

ФОТО:.facebook.com/fotballandslaget/ Некој во Норвешка одлучи дека шестнеделна пауза е сосема доволна, па оваа сабота – додека целата земја го чека историскиот натпревар со Англија – фудбалското првенство продолжи. Лилестром го победи Фредрикстад
Go toTop