Пет лица осомничени за незаконско користење средства на хрватското МНР

April 8, 2025
1 min read

По претресот во канцелариите на хрватското МНР, осомничените се во УСКОК на испитување.

Европското јавно обвинителство (ЕППО) во Загреб и Канцеларијата за сузбивање на корупцијата и организираниот криминал (УСКОК) спроведуваат итни доказни дејствија поврзани со незаконско користење средства во хрватското Министерство за надворешни и европски работи.

– Овие итни доказни дејствија, кои се спроведуваат во соработка со Полициската Национална канцеларија за сузбивање на корупција и организиран криминал (ПН УСКОК), доаѓаат по кривична истрага за можна злоупотреба на положбата и овластувањата во Министерството за надворешни и европски работи, во која се вклучени средства од Фондот за внатрешна безбедност (ФСС) и од државниот буџет на Република Хрватска, се наведува во соопштението на ЕППО и УСКОК.

Според хрватските медиуми пет лица се осомничени дека преку пат ни налози извлекувале пари од Европска Унија и од буџетот на Хрватска. Тие на патувањата делеле една соба, но доставувале фактури за посебни соби, при што земале од 200 до илјада евра. спорните патувања биле во периодот од 2019 до 2024 година во Германија, Ирска, Србија, Романија и Босна и Херцеговина.

По претресот во канцелариите на хрватското МНР, осомничените се во УСКОК на испитување.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ердоган: Сѐ додека Израел го нарушува човечкото достоинство во Газа, ние ќе бидеме покрај Палестинците

Следно

Албанија склучи договор со ЕИБ за пругата Драч–Рогожина, ЕУ обезбедува 90 милиони евра

Latest from Blog

Проданоски: Стотици учесници на јубилејната велосипедска манифестација во Прилеп

Јубилејното 20-то издание на традиционалната рекреативна манифестација „Сите на велосипед“-2026 успешно се одржа денеска во Прилеп, со учество на голем број велосипедисти, млади, деца и љубители на спортот и рекреацијата. Учесниците возеа

Милион и пол верници веќе пристигнаа во Мека, и покрај војната во иран и заканите од напади

Според официјалните податоци, еден и пол милион верници пристигнале само од странство пред почетокот на годишното поклонение во понеделник. Патот низ светите места По посетата на Каба, главното светилиште на исламот во

Премиерите на Македонија и Хрватска, Мицкоски и Пленковиќ, утре ќе остварат средба во Охрид

Премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски утре во Охрид ќе му биде домаќин на претседателот на Владата на Хрватска, Андреј Пленковиќ. По пречекот на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, Мицкоски и Пленковиќ
Go toTop