БАЛЕРИНАТА ОД ПАРИСКАТА ОПЕРА, РОКСАН СТОЈАНОВ ЈА ДОБИ НАГРАДАТА „МЕНАДА“ НА ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ

April 8, 2025
1 min read

Француската балерина со македонско потекло Роксан Стојанов, која во декември беше прогласена за Ѕвезда на Париската Опера е добитничка на наградата „Менада“ за врвни достигнувања во танцовата уметност за 2025, соопшти Танц фест Скопје.

Наградата на 29-годишната Стојанов ќе ѝбиде врачена на 29 април, на свеченото отворање на годинашното 21. издание на Танц фест Скопје.

„Благодарение на извонредниот талент и уметничката визија, Роксан Стојанов се издига високо во балетската уметност, за што е промовирана во Ѕвезда на Париската Опера (Étoile de l’Opéra National de Paris), како една од извонредните балерини кои блескаат на балетското ѕвездено небо. Како уметник, Роксан Стојанов пишува историја во епицентарот на балетската уметност, исклучителниот балетски ансамбл на Националната опера во Париз, Франција, но и во нејзината втора татковина, С. Македонија, каде остава ѕвездена трага во балетската историја“, стои во одлуката на Бордот на фестивалот.

Стојанов, која е родена во градот Жер, на југот на Франција, по татко е Македонка, а по мајка Французинка. Нејзините родители се преселиле во Македонија кога имала 8 години и ја запишале во балетско училиште. Првата улога ја имала на 9-годишна возраст, како Ѕвончица во претставата „Петар Пан“.

Балетското образование го продолжува во Брисел, во 2007  се приклучува на Школата за танц на Париската опера, а во 2013 станува дел од балетскиот ансамбл на оваа престижна институција. Низ годините, нејзиниот талент и посветеност биле препознаени преку бројни признанија, во периодот од 2015 до 2022 година, Стојанов напредува во хиерархијата на операта и во 2022 станува првенка на балетот. На 28 декември 2024 по нејзината извонредна изведба во балетот „Пакита“ на сцената на Опера Бастилја, таа беше прогласена за Ѕвезда на Париската Опера – највисокото звање во хиерархијата на Париската Опера. Нејзината кариера опфаќа богат репертоар, вклучувајќи улоги во класични балети како „Жизел“, „Лебедово езеро“ и „Дон Кихот“, како и современи дела на реномирани кореографи.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СДСМ: Наместо неселeктивна правда за Кочани- МВР гони млади за Фејсбук статуси

Следно

Роберт Де Ниро во Кан ќе добие Златна палма за животно дело

Latest from Blog

Македонија ја зголемува енергетската сигурност со нови зелени капацитети

Македонија бележи забрзан развој на обновливите извори на енергија, а растот на инсталираните капацитети веќе ја надминува динамиката предвидена со Националниот план за енергија и клима (НПЕК). Ова е наведено во најновиот

Трамп повторно изјави дека се надева оти крајот на војната против Иран е близу

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се надева дека крајот на војната против Иран е близу, бидејќи конфликтот, кој е во седмиот месец, ескалираше кога саудиските авиони  го бомбардираа Јемен, а  Хутите

Комуналец Прилеп со порака: Чиста Могила за уживање на сите

Парк-шумата Могила во Прилеп во моментов е чиста и уредна, информираат од ЈКП „Комуналец“ – Прилеп. Од претпријатието упатија благодарност до граѓаните кои со своето однесување придонесуваат просторот да остане чист и
Go toTop