Извештај: Израелски војници откриваат шокантни сведоштва за злосторства поврзани со тампон-зоната во Газа

April 8, 2025
2 mins read

ЕРУСАЛИМ/ИСТАНБУЛ (АА) – Израелските војници дадоа детални сведоштва во кои опишуваат масовно уништување и убивање во Газа за време на операциите за воспоставување тампон-зона покрај границата, се вели во новиот извештај на израелската организација „Прекин на молкот“, јавува Анадолу.

Извештајот вклучува сведоштва од војници што учествувале во спроведувањето на планот за т.н. тампон-зона. Имињата на војниците и командантите не се откриваат, но нивните изјави се опишани како длабоко вознемирувачки.

„Една од мисиите беше создавање ‘тампон-зона’ во рамките на Појасот Газа, што во практика значеше – да се срамни теренот. Преку широко распространето, намерно уништување, армијата ја подготвуваше територијата за идна израелска контрола.“

Новата тампон-зона, според сведоштвата, се протега од северниот брег на Газа до јужната граница со Египет и целосно се наоѓа во рамките на Газа, надвор од меѓународно признатите израелски граници.

Додека претходната зона се протегала околу 300 метри во внатрешноста на Газа, новата зафаќа широчина од 800 до 1.500 метри – што значи околу 55 до 58 квадратни километри, односно околу 16 отсто од територијата на енклавата и 35 отсто од нејзините обработливи површини.

Офицер од Северната дивизија на армијата рече: „Она што тие (командантите) го рекоа во ноември (2023) беше дека се очекува војната да трае една година, дека ќе освоиме област што ќе биде исчистена од сè.“

Подофицер од оклопниот корпус, зборувајќи за операциите во јануари и февруари 2024 година, рекол дека им било кажано дека во тие области нема цивили: „Нема цивилно население. Сите се терористи, нема невини луѓе.“

Опишувајќи ги наредбите за операции, тој рече: „Одиш и ако идентификуваш сомнителни лица, ги убиваш. ‘Мечката’ – булдожерот Д9 – вози и срамнува сè. Буквално сè.“

На прашањето што вклучува „сè“, одговорил: „Сè што е изградено, овоштарници, фарми со крави, кокошарници.“

„Хирошима. Тоа е она што го велам, Хирошима“, вели тој, опишувајќи го резултатот.

Друг војник, прв наредник во Резервниот баталјон 5, рекол дека нивна главна задача во Куза, Кан Јунис, во период меѓу декември 2023 и јануари 2024 година, била – уривање: „Станува збор за стотици објекти, уништувањето е целосно.“

Воениот тим користел карти обележани со бои – „Зелено“ значело дека повеќе од 80 отсто од објектите се урнати: „станбени згради, стакленици, фабрики… сè мора да биде рамно“.

Прв наредник од инженерскиот корпус, кој служел во северна Газа во ноември 2023 година, изјавил: „Секојдневно уривавме куќи, така што не остана апсолутно ништо, куп урнатини.“

„Се будиш наутро, добиваш локации и така секој ден… освен ако не останеме без експлозив“, додаде тој.

Тој рече дека можеле да урнат по 40-50 куќи неделно, велејќи дека на половина час уривале по една куќа.

Офицер од артилериската резерва рекол дека командантите имале голема дискреција при одлучувањето за цели: „Нема систем на одговорност. Секој што ќе премине линија што ние сме ја дефинирале – се смета за закана и добива смртна казна.“

Израелската армија ја продолжи офанзивата врз Газа на 18 март, при што се убиени речиси 1.400 лица, а над 3.400 се повредени. Со оваа офанзива е прекршен претходниот договор за прекин на огнот и размена на затвореници постигнат во јануари.

Претходната недела израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави интензивирање на нападите врз Газа, додека се спроведуваат напори за реализација на планот на американскиот претседател Доналд Трамп за раселување на Палестинците од енклавата.

Од почетокот на израелската офанзива во октомври 2023 година досега во Газа се убиени над 50.700 Палестинци, повеќето жени и деца.

Во ноември Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант поради воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради војната против енклавата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Мицкоски: Многу сум разочаран од пресудата на Судот во Тетово, јавно барам да се преиспита работата на судијата!

Следно

Интер Мајами планира да му понуди договор на Де Брујне

Latest from Blog

Пелистер ја одбрани титулата

Големата битка за титулата во плеј-офот заврши со победа на Пелистер кој славеше против Вардар со 30-32 (17-15). Во финишот беше вистинска драма, баш како што доликува за еден меч за пехарот.

Закрепнување по трагедијата – трансплантација на кожа и PRP третман за ублажување на лузните

Повеќе од два месеци по трагедијата во дискотеката во Кочани – закрепнувањето на повредените се одвива според планот. На Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, кај десетина пациенти била извршена трансплантација на

Локализиран пожарот во село Пелинце

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека денеска во 14:16 часот на единствениот повикувачки број за итни случаи 112 бил пријавен пожар во село Пелинце, општина Старо Нагоричане, на место викано

Англија едвај ја победи Андора, Кејн го постигна единствениот гол

Репрезентацијата на Англија вечерва забележа минимална победа над аутсајдерот Андора со 1:0 во квалификациите за Светското првенство 2026. Единствениот гол за гостите го постигна Хари Кејн постигна гол во 50. минута. За
Go toTop