Интер Мајами планира да му понуди договор на Де Брујне

April 8, 2025
1 min read

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, Кевин де Брујне би можел да ја продолжи кариерата во МЛС, пренесува „Мирор“.

Интер Мајами е подготвен да му понуди договор на 33-годишниот Белгиец, но тој ќе мора да се соочи со конкуренција на екипи од Саудиска Арабија.

На 4 април, Де Брујне објави дека ќе го напушти Манчестер сити на крајот од сезоната.

Белгиецот игра за Сити од 2015 година. За ова време, тој забележа 413 настапи за клубот во сите натпреварувања, постигнувајќи 106 гола и 174 асистенции.

Со Манчестер сити, Де Брујне ја освои Премиер лигата шест пати, ФА Купот двапати, Суперкупот три пати, Лига Купот пет пати, а исто така стана победник на Лигата на шампионите во сезоната 2022/23. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Извештај: Израелски војници откриваат шокантни сведоштва за злосторства поврзани со тампон-зоната во Газа

Следно

Хрватско МНЕР: Постапување на ЕППО и Ускок е по наша пријава поднесена на крајот на јануари

Latest from Blog

Трамп повторно изјави дека се надева оти крајот на војната против Иран е близу

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се надева дека крајот на војната против Иран е близу, бидејќи конфликтот, кој е во седмиот месец, ескалираше кога саудиските авиони  го бомбардираа Јемен, а  Хутите

Комуналец Прилеп со порака: Чиста Могила за уживање на сите

Парк-шумата Могила во Прилеп во моментов е чиста и уредна, информираат од ЈКП „Комуналец“ – Прилеп. Од претпријатието упатија благодарност до граѓаните кои со своето однесување придонесуваат просторот да остане чист и

Поранешни противници бараат помош од австралиската влада поради здравјето на Имран Кан: Ќе умре во затвор

Вчера, седум поранешни австралиски капитани во крикет ја повикаа министерката за надворешни работи на земјата, Пени Вонг, да интервенира дипломатски во врска со продолжениот притвор на поранешниот пакистански премиер, изразувајќи загриженост за
Go toTop