РОБЕРТ ДЕ НИРО ЌЕ ДОБИЕ ЗЛАТНА ПАЛМА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО ВО КАН

April 7, 2025
1 min read

Американската филмска легенда Роберт де Ниро ќе добие почесна Златна палма за животно дело на свеченото отворање на Канскиот филмски фестивал, на 78.  издание од 13 до 24 мај. Пред 14 години, Де Ниро, кој е актер, режисер и продуцент, беше претседател на жирито во Кан. Последен пат беше во Кан во 2023, за премиерата на филмот на режисерот Мартин Скорсезе, „Убијците на цветната месечина“.

„Многу сум приврзан за Канскиот фестивал. Особено сега,  кога има толку многу работи во светот што нѐ разделуваат, Кан нѐ зближува – сценаристи, филмски уметници, обожаватели и пријатели.  Тоа е како да се враќам дома“, изјави 81-годишниот глумец за почесната Златна палма.

Уште со првото појавување на филмското платно, во првите филмови на штотуку дипломираниот Брајан де Палма, Роберт Де Ниро стана препознатлив по улогите на негативци. Денес веќе легендарното пријателство со Мартин Скорсезе почна во 1973 со  „Злобни улици“.

Во текот на својата кариера, Де Ниро глумеше ликови од италијанско-американската мафија, од ситни насилници до големи мафијаши, при што, ја играше и една од најзначајните улоги во неговата кариера и во светот на кинематографијата воопшто,  младиот Вито Корлеоне во „Кум 2“ на Френсис Форд Копола, и успеа во предизвикот да ги долови младите години на ликот на Марлон Брандо без да го имитира. Таа улога  му донесе Оскар за најдобра споредна машка улога.

Во 1976 глумеше во две ремек-дела на филмската уметност во официјалната селекција на Канскиот фестивал: „1900 година“ на Бернардо Бертолучи и „Таксист“ на Скорсезе, кој ја освои Златната палма.

Неговата посветеност на улогите стана легендарна, при што, продолжувајќи ја соработката со Скорсезе научи да свири на саксофон за „Њујорк, Њујорк“, да вежба бокс и се здебели 30 килограми за „Разгневениот бик “, што беше негова лична идеја и што му донесе Оскар за најдобар актер. Во 1984, Де Ниро дојде во Кан со „Беше еднаш во Америка“, последниот филм на Серџо Леоне. Во 1990-тите глумеше и во „Џеки Браун“ на Квентин Тарантино,  хит-комедијата на Џеј Роуч „Запознај ги родителите“.

По 11 септември, Де Ниро го основа Филмскиот фестивал Трибека во 2002. Неодамна, стриминг-гигантот ја објави ТВ-серијата со Де Ниро, „Нулта ден“ (Zero Day).

ИЗВОР: sdk.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Туфегџиќ: Исказот на Ѓорчевски ја разоткрива неоснованоста на обвинението

Следно

Адеми: Немам поим каде е Артан Груби

Latest from Blog

Локализиран пожарот во село Пелинце

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека денеска во 14:16 часот на единствениот повикувачки број за итни случаи 112 бил пријавен пожар во село Пелинце, општина Старо Нагоричане, на место викано

Англија едвај ја победи Андора, Кејн го постигна единствениот гол

Репрезентацијата на Англија вечерва забележа минимална победа над аутсајдерот Андора со 1:0 во квалификациите за Светското првенство 2026. Единствениот гол за гостите го постигна Хари Кејн постигна гол во 50. минута. За

Истанбул е „жива скапотија“ за нормален живот

Во мај трошоците за живот на четиричлено семејство во Истанбул достигнале 91.722 турски лири (речиси 2.500 евра), што е зголемување од 49,09 проценти во споредба со истиот месец лани, покажува истражување на
Go toTop