Таткото на Вања: Овие луѓе не се каат за ништо

April 7, 2025
2 mins read

„Кога ја најдов Вања беше доцна. Кога го одземаа нејзиниот животот, го одземаа и мојот. Упропастено е целото семејство и сите останати.“ – кажа Александар Ѓорчевски во Кривичниот суд. Продолжи судењето за грабнувањата и убиствата на Вања Ѓорчевска од Скопје и Панче Жежовски од Велес, со сведочење на таткото на оштетеното девојче. Ѓорчевски кажа дека се што се досетил во тие моменти се’ направил.

Побарал помош од американската амбасада, Интерпол. Кажа дека се досетил да испрати порака на телефонот на Вања, за оние кои ја киднапирале да ја видат истата. Во пораката, според Ѓорчевски, стоело дека родителите ќе направат се’ што е потребно. Посочи дека не се познава со Велибор Манев, Влатко Кешишев, Боре Видевски, а во минатото за првпат слушнал за Љупчо Палевски кога се кренала врева околу објектот „Тифани“ во чија непосредна близина живеел Ѓорчевски. 

„Се решив да ги потиснам емоциите за да можам да го дадам овој исказ, пред сѐ поради Вања. Палевски, Манев,Кешишев,Видевски, ниту ги познавам, ниту пак додека траат рочиштата можам да ги гледам. Претежно мижам, ги затворам очите. Приметив дека имаат гнев и разочарување од т.н. ,,цар”, одново и одново секое рочиште слушам што му правеле на моето дете. Кој имал задача да ја грабне, кој да ја врзува, ја трескале по гепеци, ја ставале во вреќи ѝ вршеле психички туртури, се обидувале да ги замачкаат доказите за Вања, како и за велешанецот Панче. И да успееле во тоа Господ знае уште колку киднапирања и убиства ќе следеле.“ – Александар Ѓорчевски.

Ѓорчевски во судницата кажа дека за себе смета дека дал голем придонес во истрагата. Кажа дека наводно поради пасивноста што ја покажала полицијата единствениот спас бил да се сконцентрира на снимките. Барал насекаде и бил во постојана комуникација со мајката на Вања.

„Решив да тргнам кон ГП Блаце. Така ми беше наместена и колата, па само свртев десно од кај ,,8септември” па лево од кај Палас, меѓутоа беше невидена гужва и направив и прекршок. Свртев полукружно назад и се вратив на претходното сценарио да се движам по Партизанска кон Ѓорче Петров со надеж дека некаде по пат ќе ја најдам. Од Ѓорче Петров се стори крајот на Сарај затоа што во меѓувреме зборував и на телефон на секои две минути. Со Зорица вртевме на секои две минути кај Вања.” – Александар Ѓорчевски.

За избришаната порака во вибер-групата, во која челнови биле родителите на ученици од одделението на Вања-истата Ѓорчевски кажа дека била навредлива за полицијата, дека тапкаат во место и според него полицијата инстирала дека Вања сама побегнала. Снимките кои ги прибавил Ѓорчевски рече дека се гледала „колата на смртта“. Ѓорчевски кажа дека кога било пронајдено безживотното тело на Вања и бил повикан во полиција му била вршена физичка тортура иако не знаел зошто. Му било кажано дека треба да признае. Одбраната на Ѓорчевски со став дека остава на совеста на Обвинителството. 

Александар Ѓорчевски на 24.1.2024 првпат дал исказ во Обвинителство и денеска кажа дека стои зад се’ што изјавил досега. Следното рочиште е закажано за в петок.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Торино сака да го задржи Елмас

Следно

Туфегџиќ: Исказот на Ѓорчевски ја разоткрива неоснованоста на обвинението

Latest from Blog

Сепак нема да има „последен танц“ за водечкиот стрелец на уругвајската репрезентација!

Напаѓачот на Интер Мајами, Луис Суарез (39), нема да биде вклучен во уругвајската репрезентација за Светското првенство во САД, Канада и Мексико ова лето. Ова го објави познатиот уругвајски новинар Родри Васкез

Николоски: Заврши големиот проект за модернизација на болницата „8-ми Септември“

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, соопшти дека е завршена целосната реконструкција и надградба на болницата „8-ми Септември“, проект вреден 12 милиони евра реализиран во соработка меѓу Владата и

Отворен повик за универзитетска летна пракса во Општина Битола

Универзитетот „Св. Климент Охридски“- Битола како дел од европската алијанса на универзитети КОЛОРС и Општина Битола, како асоциран партнер, трета година по ред објавуваат повик за зајакнување на капацитетите на студентите на

Комерцијална банка, Алкалоид и Македонски Телеком најтргувани; МБИ10 падна за 0,66%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На трговската сесија од 13.05.2026, индексот МБИ10 изнесуваше 9.838,33 поени, со дневен пад од 0,66%, односно – 65,54
Go toTop