ВО МСУ НА 8 АПРИЛ СЕ ОТВОРА ИЗЛОЖБА СО ДЕЛА НА ФРАНЦУСКИ УМЕТНИЦИ ОД МЕЃУНАРОДНИ КОЛЕКЦИИ

April 7, 2025
1 min read

„Форми во лет, меѓународни уметници во француските колекции“ е насловена изложбата која ќе се отвори на 8 април (20 часот) во Музејот на современа уметност (МСУ) во Скопје. Изложбата ја организираат МСУ и Францускиот институт во Скопје, во соработка со Музејот за современа уметност во Лион и градот Лион.

„Низ значајни дела од колекцијата на МСУ, од автори како Карлос Круз-Диез, Хисао Домото, Ана-Ева Бергман, Пјотр Ковалски, Зоран Мушиќ, Виргилије Невјестиќ, Енрике Пејсере, се истакнуваат уметници и од целиот свет кои по Втората светска војна заминуваат во Париз, каде се формираат многубројни меѓународни уметнички заедници. Селекција на дела од современи и реномирани автори од Музејот за современа уметност во Лион, како Јасмина Чибиќ, Даниеле Вале-Клајнер, Анж Лесија и Шурук Хриеш ќе бидат премиерно прикажани за време на изложбата. Тоа дополнително ќе влијае на размислата за миграциите на уметниците и важноста на културната размена“, велат од МСУ.

Според кураторот Матје Лелиевр, историјата на уметноста во 20. век, која е обележана со преселби и егзил на уметниците, нѝ открива една неверојатна разновидност на животни патешествија и уметничка пракса. По Втората светска војна, голем дел од уметниците заминуваат во Париз, како космополитски град и светска крстосница, каде што се формираат многубројни
меѓународни уметнички заедници. Оваа уметничка динамика раѓа значајни движења, во кои спаѓа и Втората париска школа.

„Во собраната колекција под името ‘Форми во лет’, наслов на графика од Енрике Пејсере (1927 – 1988), интересот е посебно насочен кон делата кои ја сочинуваат а постериори оваа втора париска школа. Овој концепт само парцијално ја опфаќа уметничката реалност на тоа време во кое постојат и одредени стилови фокусирани кон апстракното во уметноста, како што се ташизмот, лирската апстракција итн. Овој избор на дела сведочи дека во поствоениот период вистинската состојба е многу посложена, како што е и случај со уметниците кои избрале доброволно или под присилба на политичките или економски околности, а некои и поради уметничките услови, да дојдат во Франција. Македонците добро ја познаваат оваа историја: страшниот земјотрес во 1963 година и поставувањето на темелите на новиот Музеј на современата уметност. По изградбата следат патувања и состаноци на директорот на Музејот, Борис Петковски, со неговите колеги од други земји, со цел да создаде нова музејска колекција“, вели Лелиевр.

Според кураторот, изложбата „Форми во лет, меѓународни уметници во француските колекции“ покрај реномираните автори, покажува посебен интерес за уметничките имиња и правци кои можеби не се многу познати, но денес се дел од колекцијата на Музејот на современа уметност во Скопје. Тој вели дека оваа колекција прикажува една генерација уметници кои живееле во време на длабоки сомнежи, но истовремено и на силна надеж.

„Денес, во овој турбулентен период одново проткаен со национализам и војни, токму ова сеќавање нè потсетува на суштинското значење на патувањата за уметниците, на меѓукултурното прифаќање и размени, како и на отвореноста на една земја да прима уметници од различни средини“, вели Лелиевр.

Изложбата ќе трае еден месец.

Б. НЕСТОРОСКА

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во земјотресите во Мјанмар досега загинаа 3.564 лица

Следно

МАНУ промовираше тритомно издание „Кочо Рацин“, поетот што ја допре душата на народот

Latest from Blog

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30

Тоневски од Пробиштип: Довербата и транспарентноста се клучни за рамнотежа меѓу рударството и екологијата

Придобивките од рударството за општините мора да се разгледуваат заедно со грижите на населението и потребата од континуирана заштита на животната средина, порача градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, кој учествуваше на
Go toTop