Кац: Лидерите на Хамас барале од Иран 500 милиони долари за да го уништат Израел

April 7, 2025
1 min read

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денеска откри разузнавачки документ кој покажува дека лидерите на Хамас, Јахја Синвар и Мухамед Деиф, испратиле писмо до командантот на силите на Револуционерната гарда на Иран, Есмаил Каани, во јуни 2021 година, барајќи поддршка во замена за 500 милиони долари за нивните планови да го нападнат Израел и да го уништат во рок од две години.

„Овде за првпат презентирам документ пронајден во тунелите на високи функционери на Хамас во Газа, кој докажува директна врска меѓу Иран и Јахја Синвар и Мухамед Деиф, како дел од поддршката на Иран за планот на Хамас да го уништи Израел“, рече Кац во видео изјава што ја пренесе „Тајмс оф Израел“.

Оваа изјава е снимена за време на посетата на единицата за собирање разузнавачки информации на Управата за воено разузнавање, која е позната по хебрејскиот акроним „Амшат“.

„Во документот тие (лидерите на Хамас) бараат од командантот на силите на револуционерната гарда Ал Кудс да префрли 500 милиони долари за уништување на државата Израел“, рече тој.

Документот покажува дека Хамас за две години барал од Иран 20 милиони долари месечно „за да ги постигне овие големи цели“ преку кои, како што наведе, „ќе го сменат лицето на светот“.

Кац рече дека Саед Изади, шефот на палестинскиот оддел во Иранската револуционерна гарда, „го прифатил барањето и им одговорил дека Иран, и покрај тешката економска ситуација, ќе продолжи да насочува пари кон Хамас, бидејќи борбата против Израел и САД е главен приоритет на иранскиот режим“.

Тој додаде дека „Израел ќе стори сé што е можно за да го спречи Иран да добие нуклеарно оружје“ и дека ќе продолжи да ги гаѓа неговите застапници во регионот „се додека иранската оска на злото не биде скршена и поразена“.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Украинската амбасадорка Лариса Дир во посета на Собранието

Следно

Ќе носиме зимски јакни до Велигден, температурите ќе се спуштаат и до минус 4 степени

Latest from Blog

Расел Кроу откри зошто никогаш нема да се ожени за 28 години помладата партнерка (ВИДЕО)

Во отворен разговор за емисијата 60 минути, актерот откри дека нема планови да се ожени со неговата партнерка– ниту сега, ниту во иднина. „Зошто да ја расипам среќата со брак?“ Кога водителот

Отишол во болница со страшни болки- докторите се шокирале кога виделе што има во телото

Необичната приказна се случила на 19 октомври, откако неименуван 48-годишен менаџер со големи болки бил итно однесен во медицинска установа. Тој призна сè Според извештаите на докторите, човекот признал дека самиот го

Вучиќ: БРКАМЕ ДВАЈЦА СНАЈПЕРИСТИ ЗА КОИ ЗНАЕМЕ ДЕКА СЕ ВО БЕЛГРАД, знаеме зошто и кој ги плаќа

Гостувајќи во емисијата „Чирилица“ на ТВ Прва, Александар Вучиќ објави дека од безбедносните служби дознал дека во Белград моментално има двајца снајперисти, на чие апсење службите моментално работат. „Во моментов бркаме двајца

Израел се движи кон смртна казна за тероризам

Комитетот за национална безбедност на израелскиот парламент во понеделник гласаше за закон со кој се воведува смртна казна за сторители на „терористички напади“, мерка предложена од крајно десничарската партија на министерот за
Go toTop