Алекс Овечкин го урна рекордот на Вејн Грецки (ВИДЕО)

April 7, 2025
1 min read

Рускиот хокеар Алекс Овечкин стана најдобар стрелец во историјата на НХЛ. Овечкин го постигна својот 895 гол, на вечната листа го престигна легендарниот Вејн Грецки за еден гол, во исто толку одиграни натпревари (1.487).

Овечкин го постигна својот 895-ти гол во кариерата на натпреварот меѓу Вашингтон Капиталси Њујорк Ајландерс. Грецки го држеше рекордот од 1999 година, а во моментот кога Русинот го собори својот рекорд беше на трибините и тој момент го следеше во живо.

Откако Овечкин го собори рекордот, играта беше прекината поради кратка церемонија, а Грецки му честиташе и одржа мал говор. Овечкин ја започна сезоната со 853 гола, постигна 15 на првите 18 натпревари, но во ноември заработи повреда поради која мораше да пропушти дури пет недели.

Тој веќе достигна 30 гола сезоната (33), по 19. пат во неговите 20 сезони во НХЛ, постигнува најмалку 30 гола. Тој е четвртиот играч на возраст од 39 или повеќе години кој постигнал 30+ голови во една сезона.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Од ЗНАМ велат дека не е вистина дека го барале министерството за одбрана: „Во Куманово ќе одиме со наш кандидат“

Следно

Зошто Скопје, Белград и Приштина не се на агендата на Каја Калас на нејзината прва посета на Западен Балкан?

Latest from Blog

И Здравје и Работа: Наместо најгласните, државата треба да го слуша најстручниот глас за „Иловица Штука“

Во последните години сведоци сме дека секоја јавна расправа за рударството, а особено за проектот „Иловица – Штука“, сè почесто се претвора во натпревар кој погласно ќе зборува, наместо кој ќе понуди

Швајцарскиот селектор бесен на судијата: Ваквите одлуки му штетат на фудбалот

Швајцарската фудбалска репрезентација беше запрена во четвртфиналето на Светското првенство по драматичниот пораз од Аргентина со 3:1 по продолженијата. Сепак, натпреварот беше обележан со контроверзна судиска одлука, за која тренерот Мурат Јакин

Џуд е КРАЛОТ: Белингам ја “тресна“ Норвешка и ја однесе Англија во полуфинале!(ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/EnglandTeam/ Норвешка – Англија 1:2 и тоа по продолженија од 2Х15 минути. Ова е исходот од четвртфиналниот меч во Мајами, со што “Трите лава“ се пласираа во полуфиналето. Белингам е херојот, Белингам

Русите потврдуваат: Имаме застрашувачко оружје

Нападите извршени од руските сили на 11 јули со оружје со долг дострел и висока прецизност врз воено-индустриските објекти во Киев ја потврдија способноста на руските вооружени сили сигурно да погодат какви
Go toTop