ВМРО-ДПМНЕ: Само 18 илјади луѓе сметаат дека Филипче треба да ја води СДС, пораката е јасна!

April 6, 2025
1 min read

По дебаклот што се случи на изборите денес во СДС, на кои што имаше само еден кандидат, а тоа беше поттрчкото на Заев, Венко Филипче, тој освои 18 илјади гласови, велат од ВМРО-ДПМНЕ во реакција на внатрепартиските избори за претседател на СДСМ.

„За трагедијата да биде уште поголема, регистрирани беа 23.712, а само 18 илјади членови го подржаа Филипче. Тоа само зборува дека Филипче нема кредибилитет во СДС.

Само 18 илјади луѓе сметаат дека Венко треба да ја води СДС. Истиот Венко, кој не одговараше за модуларна болница, за набавката на КОВИД вакцини од фантом фирма Старби, кој лажно вакцинираше член на фамилијата за ПР, работеше за богатење на неговиот ментор Заев кој сега гради згради по Дубаи.

Филипче е поставен директно од Заев, за да работи за негови интереси, а знаеме дека интересите на Заев, се предавства за Македонија.

Филипче е прочитана приказна на македонската политичка сцена. Филипче ниту е, ниту пак може да биде новото лице во СДС, тој е само обичен привезок на Заев“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Со над 18 илјади гласови Филипче потврден за претседател на СДСМ

Следно

Земјотрес со јачина од 4,9 степени ја стресе Грција

Latest from Blog

Проданоски во Радио Пела: Рестарт на Прилеп преку капитални проекти, ред во сообраќајот и ФК Победа

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, во своето прво официјално гостување во студиото на Радио Пела како прв човек на општината, отворено говореше за приоритетите, тековните инфраструктурни зафати и плановите за развој

Божиновска и ММФ разговараа за стабилноста на цените на горивата и енергетската независност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари работна средба со претставници на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), предводени од шефот на мисијата во земјава, Ник Гигинеишвили. На состанокот се
Go toTop