Мицкоски најави радосна вест за царините од САД

April 6, 2025
1 min read

Македонската Влада во комуникација со САД за царинските стапки. Премиерот Христијан Мицкоски најави дека очекува убави вести за македонските граѓани и економијата, откако од кабинетот на Доналд Трамп посочија дека се вклучени „манипулации со валутите и трговски бариери“.

Христијан Мицкоски-претседател на Влада на РСМ: „Со нашиот стратешки партнер САД сме во постојана комуникација и со министерството за економија кое го предводи Хауард Лутник кој е мој личен пријател и со министерството за финансии, Стејт Департментот, кабинетот на претседателот Доналд Трамп. Министерот Муцунски со државниот секретар имаше средба во Брисел, една од темете беше и оваа. На дневна основа работат тимови и телефонски се слушаме и разговараме. Денеска очекувам многу убави вести за македонските граѓани и економијата.“

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски за грчки медиум изјави дека САД остануваат клучен сојузник на Македонија и стратешки партнер. 

Тимчо Муцунски-министер за надворешни работи: „Соочени со сè покомплексни безбедносни предизвици, мора да пристапиме со единство. Колективната одбрана, отпорноста и одвраќањето се клучни за заштита на сите земји-членки. САД остануваат наш клучен сојузник и стратешки партнер. Ова партнерство се покажало многупати уште од нашата независност. НАТО обезбедува платформа за справување со суштински безбедносни прашања и за сите членки – вклучително и САД – да водат значајни консултации.“

Економистите пак, предупредуваат-малите економии како македонската се најранливи кога трговските војни стануваат глобални.

Зоран Ивановски-универзитетски професор: „Сметам дека императив за Владата е насочување на увозниците и домашната економија кон нови пазари коишто истите нема да бидат директно инволвирани и тешко погодени од оваа глобална трговска војна. Економскиот егоизам на големите цели нема граници и Македoнија мора да направи се’ што е во нејзина моќ за да го одржи економскиот амбиент и динамиката на раст кој го имаме, во спротивно сите ќе ги почувствуваме негативните последици.“         

Дел од експертите посочуваат дека во овој случај најдобро е да се примени стабилно и долгорочно одржливо решение. А тоа значи склучување на спогодба за слободна трговија со САД. Македонија е една од 180те држави на која САД и воведе повисоки царини. Додека овие царини се на сила производите од земјава кои ќе се увезуваат во најмоќната светска држава ќе бидат царинети со плус 33 отсто, од тоа што досега било. Вредноста на директниот извоз од земјава во Америка е околу 110 милиони евра.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Претседателот на турското Собрание повика на праведен глобален систем заснован на правда и еднаквост

Следно

Мицкоски и Касами се сликаа на пат кој не води нигде

Latest from Blog

Изет Меџити: Чаир станува пример за модерно предучилишно образование

Општина Чаир продолжува да поставува нови стандарди во предучилишното образование, со цел да обезбеди квалитетна грижа и образование за најмалите. Првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити, кој е и

Притвор за игуменот и други пет лица уапсени за продажба на икони и реликвии во Грција

Мерка притвор им е одредена на игуменот на грчкиот манастир Успение на Пресвета Богородица на Пелопонез, на неговиот помошник и на уште четрири други лица кои во понеделникот беа уапсени за поседување

Лидс Ј. сака да им понуди на Мурињо и Нуно Санто да го преземат кормилото

Раководството на англискиот премиерлигаш Лидс Јунајтед почна да разгледува опции за можна промена на тренерот. На списокот на кандидати на клубот се Жозе Мурињо и Нуно Еспирито Санто, објави „ТимТок“. Според изворот,
Go toTop