Агенција Анадолу одбележува 105. години од своето основање

April 6, 2025
1 min read

АНКАРА / ИСТАНБУЛ (АА) – Турската новинска Агенција Анадолу ја одбележува 105-годишнината од своето основање на 6 април 1920 година.

Претседателот на Управниот одбор и извршен директор на Анадолу, Сердар Караѓоз, заедно со придружна делегација денес го посети Аниткабир, мавзолејот на Мустафа Кемал Ататурк, основачот на модерна Туркије.

Заедно со делегацијата, која ја сочинуваа замениците генерални директори Јусуф Озхан и Огуз Енис Перу, координаторот за публикации и продукција на Анадолу, Огуз Каракаш, координаторот за публикации и Академијата на Анадолу, Јахја Бостан и други вработени, Караѓоз положи венец од црвено-бели каранфили и напиша посебна порака во спомен-книгата.

„Додека нашата агенција ги спроведуваше своите активности како ‘Гласник на Републиката’ во раните години на Републиката, денес таа стана глобална медиумска организација со визија на ‘Известување за светот што се менува’“, напиша тој.

„Како Анадолу, продолживме да ги документираме сите аспекти геноцидот што го започна израелската влада во Појасот Газа и да го пренесуваме до меѓународното јавно мислење. ‘Докази’ и ‘Сведок’, кои ги објавивме во овој процес, станаа главни извори кои ги разоткрија воените злосторства на Израел.

Караѓоз истакна дека Анадолу го лансираше Енергетскиот терминал на Енергетскиот форум во Истанбул во соработка со турското Министерство за енергетика и природни ресурси, собирајќи ги на едно место носителите на одлуки, претставниците од индустријата и експертите од различни земји, како и членови на националните и меѓународните медиуми кои внимателно го следат енергетскиот сектор.

„2024 година беше важна не само за нашиот глобален успех во новинарството, туку и за сатисфакцијата на вработените. Како резултат на евалуациите спроведени од Happy Place to Work, независна консултантска компанија, ни беше доделен ‘Сертификат за многу добро искуство на вработените’“, рече Караѓоз.

Тој истакна дека со цел да се зајакне технолошката инфраструктура на агенцијата и да се трансформира медиумскиот сектор, Анадолу ја прогласи 2024 година за „Година на пробив во вештачката интелигенција“ и го забрза својот процес на дигитална трансформација со основање на компанијата „Анадолу Технолоџи“ и произведе дрон за потребите на агенцијата наречен ТЕПЕ.

„Почитуван Ататурк, покрај своите технолошки инвестиции, нашата агенција е горда што е дел од на ТЕХНОФЕСТ, најголемиот светски технолошки фестивал. На светот му ја претставуваме оваа младина која на најдобар начин ја сфаќа вашата идеја за независност“, рече тој.

„Во оваа прилика со милост го одбележувам споменот на сите наши загинати херои кои ги жртвуваа своите животи за турската независност и на сите наши ветерани кои починаа. Нека почива во мир вашата душа.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лидерите на Јордан, Египет и Франција на трилатерален самит за Газа

Следно

Мицкоски: Владата функционира единствено, работиме неселективно

Latest from Blog

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30

Тоневски од Пробиштип: Довербата и транспарентноста се клучни за рамнотежа меѓу рударството и екологијата

Придобивките од рударството за општините мора да се разгледуваат заедно со грижите на населението и потребата од континуирана заштита на животната средина, порача градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, кој учествуваше на
Go toTop