Шукова: Институциите затаија со загадувањето на Крива Река, одговорност мора да има

April 5, 2025
1 min read

Потпретседателката на СДСМ Каја Шукова, во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма, во врска со инцидентот со загадувањето на Крива река истакна дека она што ја тишти македонската јавност е затајувањето на институциите и побара одговорност согласно законите.

„Јавноста е многу револтирана од институциите и тој тренд мора да застане, ама ќе застане само кога институциите ќе реагираат навремено и ќе ја информираат јавноста навремено, за да нема вакви недоумици кај јавноста и да се расправаме дали имало екоцид, колкаво било загадувањето“, рече Шукова.

Шукова нагласи дека е многу симптоматично што има повеќе анализи, анализата за која зборуваше градоначалникот на Крива Паланка покажува ниво на цијанид поголемо за 14 пати, значи тоа што го зажа директорката на инспекторатот за животна средина дека е 2 пати поголемо не е точно.

Директорката на инспекторатот излегува после 21 ден пред јавноста и уште се заканува со кривична пријава према градоначалникот, кој што е нормално е да се грижи и да ја информира јавноста дека можеби има загадување од поголем обем, бара информации. Тие информации треба да му бидат обезбедени и на него и на јавноста, нагласи Шукова, додавајќи дека инцидентот од рудникот Тораница е пријавен околу 6 часот и 30 минути, а инспекторите согласно нивниот записник, на 14.03.2025 излегле дури во 16.20 часот.

Шукова истакна дека е очигледно оти не е постапено како што треба, бидејќи согласно законот за инспекциски надзор на животна средина во итни ситуации, како што е во случајов инспекторите имале можност и обврска веднаш да земат примероци, а зошто не, ќе утврдат истражните органи.

„Сега затајувањето на институциите треба да го префлиме на некој друг или треба да го префрлиме на самостојноста на инспекторите, се знае кој е најодговорен во секоја институција. Да не ја префрлуваме одговорноста на некој друг, мора да се работи согласно законите“, порача потпретседателката на СДСМ Каја Шукова, во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сноубордер зафатен од лавина на турската планина Артос успеа сам да се спаси

Следно

Во моментов има 9.200 – на Македонија и требаат околу 15.000 медицински сестри

Latest from Blog

Кога не му оди на Кејн, тука е Белингам…. Аргентина трет меч во елиминациите се „провлекува“….

  Во полуфиналето од тековниот Мундијал имаме супер пресметка помеѓу Англија и Аргентина. Синоќа англичаните под водство на Џуд Белингам успеаа да ја елиминираат Норвешка со 2:1, додека пак Аргентина иако фаворит

Беше исклучително важен сојузник на Украина, го посети Киев во петокот и ПОЧИНА 48 ЧАСА ПО СРЕДБАТА СО ЗЕЛЕНСКИ

Линдзи Греам, долгогодишен американски сенатор и еден од најистакнатите републикански застапници на поддршката за Украина, почина на 71-годишна возраст, само два дена по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Киев. Според

Уставниот суд: Упатуваме остри критики кон обидите за груба партизација и политизација

Уставниот суд упатува остри критики кон, како што велат, обидите за груба партизација и политизација која деновиве одредени политички партии се обидуваат да ја наметнат со цел да ја зголемат сопствената визибилност

ВЛЕН: ДУИ протестира за своите привилегии, а не за интересите на Тетово

Политичката партија ВЛЕН реагираше по вчерашниот протест на ДУИ во Тетово, оценувајќи дека станува збор за политички собир организиран поради, како што велат, „изгубените привилегии“, а не во интерес на граѓаните. Од
Go toTop