ЗНМ ги додели годишните новинарски награди

April 4, 2025
1 min read

Здружението на новинарите на Македонија денеска ги додели традиционалните годишни награди на најистакнатите новинари и медиумски професионалци. 

Наградата за животно дело „Крсте Петков Мисирков“ ја доби Ѕвездан Ѓорѓиевски за неговиот траен придонес во македонското новинарство.

Наградата за истражувачко новинарство „Јашар Еребара“ беше доделена на Истражувачката Репортерска Лабораторија за сторијата: Службеничка од пошта ги штитела централите на ЕСМ од пепел, „пеплосан“. 

За најдобро новинарско известување на локални и регионални теми, наградата ја доби Фисник Џелили од Порталб.мк за сторијата „Насилството меѓу учениците – сериозен аларм во Тетово “.

Трајче Антоновски снимател од ИРЛ доби награда за најдобра камера и филмско изразување

Признанија за посебен придонес во промоцијата на професионалното истражувачко новинарство добија: Новинарскиот истражувачки магазин КОД од ТВ Телма. Александар Димитриевски и Михаил Милошевски за серија прилози објавени на 360 степени.

За прв пат годинава ЗНМ додели награда за најдобар снимателски проект од јавен интерес. Наградата ја доби Иван Поповиќ.

Комисијата за награди беше во состав на Герман Филков, Душица Мрѓа и Сенат Зулбеари. За категоријата сниматели дополнително беа и Зоран Догов и Сашо Доковски. Наградите и признанијата беа доделени од претседателот на ЗНМ, Младен Чадикоски.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Роналдо поставил само еден услов пред купувањето на Валенсија

Следно

Германска министерка кришум дошла во Република Српска, Додик ја повика полицијата да ја „испрати“

Latest from Blog

Македонија ја зголемува енергетската сигурност со нови зелени капацитети

Македонија бележи забрзан развој на обновливите извори на енергија, а растот на инсталираните капацитети веќе ја надминува динамиката предвидена со Националниот план за енергија и клима (НПЕК). Ова е наведено во најновиот

Трамп повторно изјави дека се надева оти крајот на војната против Иран е близу

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се надева дека крајот на војната против Иран е близу, бидејќи конфликтот, кој е во седмиот месец, ескалираше кога саудиските авиони  го бомбардираа Јемен, а  Хутите

Комуналец Прилеп со порака: Чиста Могила за уживање на сите

Парк-шумата Могила во Прилеп во моментов е чиста и уредна, информираат од ЈКП „Комуналец“ – Прилеп. Од претпријатието упатија благодарност до граѓаните кои со своето однесување придонесуваат просторот да остане чист и
Go toTop