МНР го организира транспортот на телото на Александар Карадакоски

April 4, 2025
1 min read

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, преку Амбасадата на Република Северна Македонија во Варшава, е во редовна комуникација со семејството на починатиот Александар Карадакоски и со надлежните институции во Литванија.

Карадакоски, кој беше хоспитализиран во Литванија поради тешките повреди здобиени во пожарот во дискотеката во Кочани, утрово им подлегнал на повредите. Тој имал 36 отсто изгореници на телото и оштетување на дишните патишта во обем од 90 проценти.

„Амбасадата ги презема сите неопходни активности за завршување на конзуларните постапки и за организација на транспортот на телото назад во земјата. Министерството и дипломатско-конзуларното претставништво во Варшава се во постојана комуникација со литванските власти и стојат на располагање за поддршка на семејството“, соопштија од МНР.

Од Министерството дополнуваат дека Кризниот штаб е во координација со сите надлежни институции, а јавноста ќе биде навремено информирана за сите понатамошни детали.

Александар Карадакоски е шесеттата жртва на трагичниот пожар кој избувна во раните утрински часови на 16 март во дискотеката во Кочани.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трамп подготвен за преговори за царините ако другите земји понудат „нешто феноменално“

Следно

Приведени тројца државјани на Чешка, пронајдени стари монети

Latest from Blog

Македонија ја зголемува енергетската сигурност со нови зелени капацитети

Македонија бележи забрзан развој на обновливите извори на енергија, а растот на инсталираните капацитети веќе ја надминува динамиката предвидена со Националниот план за енергија и клима (НПЕК). Ова е наведено во најновиот

Трамп повторно изјави дека се надева оти крајот на војната против Иран е близу

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се надева дека крајот на војната против Иран е близу, бидејќи конфликтот, кој е во седмиот месец, ескалираше кога саудиските авиони  го бомбардираа Јемен, а  Хутите

Комуналец Прилеп со порака: Чиста Могила за уживање на сите

Парк-шумата Могила во Прилеп во моментов е чиста и уредна, информираат од ЈКП „Комуналец“ – Прилеп. Од претпријатието упатија благодарност до граѓаните кои со своето однесување придонесуваат просторот да остане чист и
Go toTop