Трамп подготвен за преговори за царините ако другите земји понудат „нешто феноменално“

April 4, 2025
1 min read

Пазарните потреси поради царините беа неопходни. Доналд Трамп уверен во исправноста на одлуката да воведе увозни царини зна глобално ниво. Предупредува дека ситуацијата во САД е крајно сериозна и ја спореди економската состојба во државата со болен пациент.

Вели дека е подготвен за преговори но само ако другите држави понудат нешто што не може да се одбие.

– Наследивме ужасна економија, со многу проблеми, меѓу кои загубата на производството, затворање на фабрики. Откако НАФТА стапи на сила, загубивме 90 илјади фабрики. Звучи неверојатно. 6 милиони работни места исчезнаа. Таа беше болен пациент кој мина низ операција. – рече Трамп.

Кина возврати и најави дека од 10 април ќе воведе реципрочни царини од 34 отсто на сите увезени производи од Соединетите Американски Држави. Воедно, Пекинг објави и строга контрола на извозот на ретки минерали во САД.

Од Меѓународниот Монетарен Фонд пак велат дека царините што ги објави американскиот претседател, претставуваат значителен ризик за светската економија. Според првиот овек на ММФ, клучно е да се избегнуваат потези кои би можеле дополнително да ја влошат состојбата и повика САД и нивните трговски партнери да работат конструктивно на намалување на тензиите. 

„Сѐ уште ја проценуваме макроекономската импликација на овие мерки, но тие очигледно претставуваат сериозна закана за глобалните економски перспективи во време кога растот е слаб.“ – Кристалина Георгиева директорка на Меѓународниот монетарен фонд.

И економистите сметаат дека дека администрацијата на Трамп никогаш не требало да ги пресметува овие тарифи за земји со толку различни економски позиции и односи со САД користејќи ја истата формула.

„Се чини дека една од мотивите е да се крене тарифен ѕид околу САД. Едноставно да се обесхарбри трговијата. Тоа е нивно расмислување како да се вратат работните места во САД и да го поддржат производството.“ – Роберт Кан Економист.

Во меѓувреме, најголем пад на берзите на Вол стрит во изминативе пет години. Несигурноста на инвеститорите и очекувањата дека тарифите ќе предзивикаат висока инфлација ги намали индексите. Падна цената на златото, кое во изминативе денови достигна рекордна вредност, а се намали и вредноста на суровата нафта и акциите на технолошките гиганти.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ИКТ: Содржините на „Спорт клуб“ во целост ќе се емитуваат на „Арена спорт“ каналите

Следно

МНР го организира транспортот на телото на Александар Карадакоски

Latest from Blog

Кога не му оди на Кејн, тука е Белингам…. Аргентина трет меч во елиминациите се „провлекува“….

  Во полуфиналето од тековниот Мундијал имаме супер пресметка помеѓу Англија и Аргентина. Синоќа англичаните под водство на Џуд Белингам успеаа да ја елиминираат Норвешка со 2:1, додека пак Аргентина иако фаворит

Беше исклучително важен сојузник на Украина, го посети Киев во петокот и ПОЧИНА 48 ЧАСА ПО СРЕДБАТА СО ЗЕЛЕНСКИ

Линдзи Греам, долгогодишен американски сенатор и еден од најистакнатите републикански застапници на поддршката за Украина, почина на 71-годишна возраст, само два дена по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Киев. Според

Уставниот суд: Упатуваме остри критики кон обидите за груба партизација и политизација

Уставниот суд упатува остри критики кон, како што велат, обидите за груба партизација и политизација која деновиве одредени политички партии се обидуваат да ја наметнат со цел да ја зголемат сопствената визибилност

ВЛЕН: ДУИ протестира за своите привилегии, а не за интересите на Тетово

Политичката партија ВЛЕН реагираше по вчерашниот протест на ДУИ во Тетово, оценувајќи дека станува збор за политички собир организиран поради, како што велат, „изгубените привилегии“, а не во интерес на граѓаните. Од
Go toTop