Турскиот претседател Ердоган: Сè уште не е одреден датумот за посетата на САД

April 4, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека не е одреден датумот за неговата посета на Соединетите Американски Држави (САД), јавува Анадолу.

Говорејќи за медиумите во Истанбул, тој рече дека сè уште не е одредено точното време кога турската страна ќе отпатува во работна посета на САД.

„Но, во меѓувреме, и мојот министер за надворешни работи (Хакан Фидан) и министерот за трговија (Омер Болат) имаат состаноци или планови за патувања поврзани со САД“, додаде тој.

„Овие посети можно е да вклучат разговори за неодамна започнатата тема за даночните регулативи“, истакна турскиот претседател, изразувајќи надеж „дека ќе се види позитивниот пристап што го разгледуваат кон Туркије, да се претвори во конкретни чекори“.

На 16 март, Ердоган и Трамп реализираа телефонски разговор, а турскиот претседател изрази целосна увереност дека Анкара и Вашингтон ќе ја унапредат билатералната соработка во новата ера на односите преку солидарност, пристап ориентиран кон резултати и искреност.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Индија: Зголемени безбедносни мерки околу џамијата Џама поради усвојувањето на амандманот за Одборот за вакаф

Следно

ИКТ: Содржините на „Спорт клуб“ во целост ќе се емитуваат на „Арена спорт“ каналите

Latest from Blog

Трамп повторно изјави дека се надева оти крајот на војната против Иран е близу

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се надева дека крајот на војната против Иран е близу, бидејќи конфликтот, кој е во седмиот месец, ескалираше кога саудиските авиони  го бомбардираа Јемен, а  Хутите

Комуналец Прилеп со порака: Чиста Могила за уживање на сите

Парк-шумата Могила во Прилеп во моментов е чиста и уредна, информираат од ЈКП „Комуналец“ – Прилеп. Од претпријатието упатија благодарност до граѓаните кои со своето однесување придонесуваат просторот да остане чист и

Поранешни противници бараат помош од австралиската влада поради здравјето на Имран Кан: Ќе умре во затвор

Вчера, седум поранешни австралиски капитани во крикет ја повикаа министерката за надворешни работи на земјата, Пени Вонг, да интервенира дипломатски во врска со продолжениот притвор на поранешниот пакистански премиер, изразувајќи загриженост за
Go toTop