Кешишев прв пат дознал за таткото на Вања во притвор, Палевски најави над 90 прашања

April 4, 2025
1 min read

Судскиот процес за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски продолжи денеска во Основниот кривичен суд Скопје со сведочење на обвинетиот  Влатко Кешишев. Одговарајќи на прашања на бранителите на останатите обвинети, Кешишев даде детали за движењето на обвинетите на денот на убиството на Панче Жежовски и посочи дека прв пат за таткото на Вања разбрал кога го довеле во притвор.

Кешишев исто така одговори на прашања за разговорите што се воделе во штабот на партијата пред грабнувањата, изјавувајќи дека знаел првиот пат кога ја ископале дупката, дека ќе биде наменета за киднапирање луѓе.

– После тоа не разговаравме, колку што се сеќавам, сѐ додека не се случи тоа со Панче во Велес, рече Кешишев.

Посочи дека не знаел за која цел се вршело грабнувањето ниту пак од кого требало да се бараат пари. Фотографија од личноста која требало да биде грабната, како што рече, видел откако ја објавиле на Фејсбук.

Во однос на прашањето дали некој во негово присуство пред убиството се јавил на мајката и таткото на детето, одговори дека не видел и не слушнал, а на прашањето дали по убиството некој ги споменал мајката и таткото на детето, одговори дека сите молчеле.

На прашања поврзани со таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски, кои му ги поставуваше бранителот Владимир Туфегџиќ, одговори дека за прв пат слушнал за Ѓорчевски кога го довеле во притвор и во затворот разбрал дека тој е татко на Вања. 

Прашан дали лично видел или слушнал дека првообвинетиот Љупчо Палевски телефонски разговарал со таткото на девојчето, Кешишев категорично одговори: „Никогаш, не го пратам со кого разговара“.

Судењето продолжи со испитување на Кешишев од страна на обвинетиот Љупчо Палевски. Тој најави дека има повеќе од 90 прашања.

Според најавеното, по сослушувањето на Кешишев, треба да сведочат таткото на Вања, Александар Ѓорчевски и Љупчо Палевски.

Во обвинението стои дека Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, според обвинението, било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ракометарките ќе играат за Кочани – РФМ ќе го донира приходот од мечот со Полска!

Следно

Студентите револтирани: Лет до Италија поевтин од повратна автобуска карта до Струмица

Latest from Blog

Коњановски: Поголема улога на компаниите во развојот и општествениот живот на Битола

Иницијативата за формирање „Бизнис клуб Битола“, поддршката за Клиничката болница и поголемото вклучување на компаниите во активности од општествен интерес беа теми на работниот состанок на Регионалната комора со седиште во Битола.

Славески: Од следната недела до 15.000 денари неделно за подигање готовина од „АЛТА банка“

Од следната недела, неделниот лимит за подигање готовина и плаќање со картичките на „АЛТА банка“ АД Битола ќе се зголеми од 10.000 на 15.000 денари, најави гувернерот на Народната банка, Трајко Славески.

Проданоски: По половина век се обновува патот за Веселчани и Загорани

Се рехабилитираат три километри од локалниот пат што ги поврзува Веселчани и Загорани со регионалниот пат Прилеп – Битола, соопшти градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според Проданоски, делницата се обновува по 50

Битола петта година ги вклучува граѓаните во планирањето на општинскиот буџет

Жителите на Битола и околните населени места ги изнесоа своите предлози за општинскиот буџет за 2027 година на втората сесија од Буџетскиот форум. Меѓу темите беа инвестициите во Старата чаршија, санацијата на

„Охридско лето“ со три бесплатни концерти надвор од фестивалската сезона

„Охридско лето“ ја продолжува концертната програма и по завршувањето на летната фестивалска сезона. Националната установа најави три бесплатни концерти со меѓународни уметници – два во Скопје и еден во Охрид. Првиот концерт
Go toTop