Студентите револтирани: Лет до Италија поевтин од повратна автобуска карта до Струмица

April 4, 2025
1 min read

Студентите од Универзитетското студентско собрание при УКИМ побараа итно намалување на цените за меѓуградскиот автобуски превоз за средношколци и студенти на целата територија на државата, како и подобрување на редовноста на автобуските линии. Дополнително, бараат бесплатен градски превоз за студентите на прв и втор циклус во универзитетските градови надвор од Скопје – Битола, Тетово, Штип, Прилеп и Охрид.

„По пандемијата, цената на нафтата значително се промени, но цените на превозот останаа исти – што е нелогично и неоправдано. Денес е поевтино да леташ до Италија отколку да патуваш до Струмица со повратна карта“, истакна Стефанија Милеска, претседателка на Комисијата за студентски стандард при УСС – УКИМ.

Анализата на Универзитетското собрание покажува дека студентите од помалите градови како Македонска Каменица, Делчево, Демир Хисар и Крушево воопшто немаат пристап до редовен меѓуградски превоз, што ги принудува да бараат алтернативни и често поскапи решенија за патување до факултет.

„Има градови каде што не постојат повратни карти, што е апсурдно – бидејќи билетите за Венеција, Германија или Виена често се поевтини од превозот во земјава. Апелираме барем да се воведат повратни билети, ако веќе не може да се обезбеди попуст“, додаде Александар Николовски, претседател на Универзитетското студентско собрание.

Студентите најавија дека ќе достават официјално барање до сите превозници што не нудат повратни билети, со апел да го сторат тоа и да овозможат студентски попусти. Потсетуваат дека ова прашање е дел од Националната стратегија за млади 2023–2027, и е во надлежност на Министерството за транспорт и врски, кое требаше да ја имплементира мерката уште во мај 2024 година.

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кешишев прв пат дознал за таткото на Вања во притвор, Палевски најави над 90 прашања

Следно

Кешишев до Палевски: Ти го поли Цитроенот со бензин, а Боре го фрли чкорчето и се запали колата

Latest from Blog

Премиерот замина на одмор

Премиерот, Христијан Мицкоски, замина на најавуваната екскурзија во Белгија, за која самиот рече дека ќе ја помине со четири дена престој во Бриж и четири во Брисел. Но од Владата за Телма

Утре портокалова фаза, температури до 40 степени

Многу топло време со високи температури и мала до умерена облачност ќе биде за време на викендот и следната седмица. Управата за хидрометеоролошки работи на својата фејсбук станица објави дека утре ќе
Go toTop