Ракометарките ќе играат за Кочани – РФМ ќе го донира приходот од мечот со Полска!

April 4, 2025
1 min read

По подолго време репрезентативниот ракомет се враќа во Битола и салата „Боро Чурлевски“, во која што две сезони се играат натпревари од Лигата на шампионите, ќе биде домаќин на бараж натпреварот на женската селекција на Македонија против соодветната селекција на Полска.

Натпреварот е закажан за на дванаесетти април, а Ракометната федерација на Македонија објави дека билетите се пуштени во продажба. Продажната цена на влезниците за натпреварот кој е од хуманитарен карактер (средставата ќе бидат донирани за настраданите во Кочани) е 100 денари.

„Ракометната Федерација на Македонија ги известува љубителите на ракометот дека сениорската селекција во сабота (12.04.2025 г.), со почеток во 19:00 часот во спортската сала „ Боро Чурлевски “ во Битола, ќе го одигра квалификацискиот бараж натпревар во рамки на СП против селекцијата на Полска.

Продажбата на влезници за натпреварот започнува во петок на 04.04.2025 година во 12:00 часот online на интернет-страницата на МК Тикетс (https://mktickets.mk ) а влезници можат да се купат и на сите продажни места на МК Тикетс низ државата.

Продажната цена на влезниците за натпреварот кој е од хуманитарен карактер (средставата ќе бидат донирани за настраданите во Кочани) е 100 денари“, велат од РФМ.

Првиот натпревар меѓу двете селекции е закажан за на деветти април.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Четири лица загинаа, 35 се повредени во руски напад со беспилотни летала врз регионот Харков

Следно

Кешишев прв пат дознал за таткото на Вања во притвор, Палевски најави над 90 прашања

Latest from Blog

Премиерот замина на одмор

Премиерот, Христијан Мицкоски, замина на најавуваната екскурзија во Белгија, за која самиот рече дека ќе ја помине со четири дена престој во Бриж и четири во Брисел. Но од Владата за Телма

Утре портокалова фаза, температури до 40 степени

Многу топло време со високи температури и мала до умерена облачност ќе биде за време на викендот и следната седмица. Управата за хидрометеоролошки работи на својата фејсбук станица објави дека утре ќе
Go toTop