Девојче почина откако малолетници запалиле цистерна во Илинден

February 26, 2023
1 min read

Едно лице вечерва почина откако малолетни лица опожариле вагон-цистерна кај железничката станица во скопската населба Илинден. Според првичните информации, жртвата е малолетно девојче кое било на вагонот и се запалило од струен удар од електричните жици над вагоните. Од МВР потврдуваат дека настанот бил пријавен во полициските станици во Петровец и Автокоманда.

„Во 21:05 часот во ПО-Петровец, С.К. пријавил дека во населбата Илинден кај железничката станица во складиштето на ‘Макпетрол’ од страна на малолетни лица е опожарена цистерна. Двете малолетни лица се кај него дома и по извршениот разговор со децата посочено е дека во цистерната најверојатно има малолетно женско лице и истото е починато,“

велат од МВР.

На местото интервенирале две возила и седум пожарникари, а на терен се и екипи на Итната медицинска помош, како и полициски службеници кои работат на расчистување на случајот.

Од „Макпетрол“ реагираат дека инцидентот се случил во близина, односно на железничката станица Илинден и дека на никаков начин не е поврзан со нивното складиште.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ДПМ ќе го одбележи Светскиот ден на поезијата со поетско читање на археолошкиот локалитет Билазора

Следно

Чави: Во контакт сум со Меси,знае дека вратата за него секогаш е отворена

Latest from Blog

Лудница: Еве како фановите на Трабзонспор го пречекаа Салах!(ФОТО+ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/Trabzonspor Фудбалски “земјотрес“ вчерва предизвика пристигнувањето на Мохамед Салах во Трабзон каде беше пречекан од илјадници фанови на Трабзонспор. “Фараонотот“ кој важи за еден од најдобрите фудбалери на светт и покрај дригите

Околу 800.000 Либанци се вратија дома

„821.077 луѓе почнаа да се враќаат во своите домови“, се вели во соопштението на ОН, додавајќи дека повеќе од 360.000 остануваат раселени, вклучувајќи околу 26.000 во владини засолништа. Израел започна воздушни напади

Ќе има ли суша и во македонија, и дали постои закана од недостаток на струја

Додека Дунав, Сава и Драва бележат рекордно низок водостој, а некои европски земји се соочуваат со намалено производство на струја и проблеми во пловидбата, состојбата во Северна Македонија засега е стабилна анализа

Николоски од Ново Село: Инвестициите во инфраструктурата продолжуваат со силно темпо

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, порача дека Владата продолжува со реализација на значајни инфраструктурни проекти и подобрување на поврзаноста со македонската дијаспора. Тој информираше дека вечерва, на покана
Go toTop