Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство

September 19, 2026
2 mins read

САД добија речиси се’ освен присвојување на Гренланд – по неколкумесечните тензични кои предизвикаа глобален геополитички потрес, Вашингтон и Копенхаген постигнаа договор, САД влегува трајно, воено, на арктичкиот остров – Кралството Данска го задржува суверенитетот. Од сега натаму, ниту еден непријател на Америка нема да воспостави база, ниту воено присуство на оваа стратешка точка, порача американскиот претседател Трамп, кој најави дека набргу американската војска ќе стартува процес за развивање на големо воена видливост на соодветни позиции на Гренланд.  

-Ова е „бесконечен“ договор, не постои крај. Веднаш ќе го започнеме процесот за воспоставуање на големо воено присуство на соодведен дел од Гренланд, а такви има многу. Ќе работиме со граѓаните на Гренланд на негово развивање и градење. Ова решение е голема за САД, Данска, Гренланд и сите наши сојузници. Дополнително, од сега па натаму, ниту еден непријател на САД никогаш нема да има база на Гренланд, нема да има воено присуство на Гренланд или да прави чувствителни инвестиции на Гренланд, без наше напишана согласност,- Трамп – Трут соушл.

 Позитивен тон доаѓа и од Копенхаген – премиерката Мете Фредерискен го оцени договорот како голем и позитивен чекор за вклучените страни, кој ќе придонесе за заедничка безбедност, воедно не задирајќи во суверенитетот и територијалниот интегритет. На одобрување наиде и кај граѓаните на Данска.

-Беше навистина лоша ситуација за Данска и Гренланд, овој период кој е речиси една година, каде што навистина не знаевме што може да се случи, па навистина е добро што сега има договор и се надевам дека е добар договор и одржлив договор. Знаете со Трамп, денеска имате еден договор, утре можеби друг договор.

Ќе биде потивко сега. Мислам дека САД веројатно ќе го добијат она што можеа да го добијат во целиот период ако прашаа пристојно. Па, во таа смисла, мислам дека ќе биде добро.

На договорот, кој треба да се потпише  наредната недела во генералното собрание во Њу Јорк, од почетокот на годинава му претходеа најави за можна инвазија и употреба на воена сила од страна на САД. Данска и Гренланд остро се спротивставија, беа децидни – островот не е на продажба, а во тоа беа поддржани и од европските сојузници. Според аналитичарите, „топката сега е на земја“.

-Притисокот на САД врз Гренланд предизвика пукнатина помеѓу САД и доведе до прашања во Европа дали САД се сојузници, па затоа беше и голема работа кога претседателот започна да зборува за тоа, а јас зборував и со американски и со европски челници пред неколку минути и двете страни изгледаат среќно. Тој(Трамп) сакаше да ги обезбеди американските инвестициски права пред кинеските и руските инвестициски права кога станува збор за критични минерали, нешто што го обезбеди со овој договор,- Ник Шифрин – Новинар и аналитичар.

 САД со договорот добиваат траен безбедносен пристап кон островот и право на прелетување, безразлика дали во иднина тој ќе се осамостои од Данска, а Кина, Русија и останатите не-НАТО држави ја губат добија „рампа“ за амбициите на островот.

Американците ќе можат да развиваат воени бази, меѓу кои е вселенската и клучна Путифик чија цел е предупредување од балистички ракети и противракентна одбрана. А, во преговорите тема била и противракетната „Златната Купола“ на САД.

Данска го задржува суверениетот и територијалниот интегритет, и заедно со Гренланд добиваат посилна безбедносна позиција на Арктикот во рамките на НАТО. Островот доби право на самоопределување, без пренос на суверенитетот кон САД, но сега доби и поголема стратешка важност и меѓународна „тежина“.  

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Këta janë tre veprimtarët e njohur të identifikuar pas zhvarrosjeve në Mitrovicë

Следно

​Në Jarinjë sekuestrohen në automjet me targa të Serbisë pesë thika dhe bluza me simbole nacionaliste, dy të arrestuar

Latest from Blog

(ВИДЕО) ГОРИ И ИТАЛИЈА? Протест во Милано, судири кај Дуомо повредени полицајци и демонстранти!

До вечерта – додека мали групи сè уште напаѓаа – бројот на жртви беше исклучително голем: околу 50 лица беа уапсени, вклучувајќи многу малолетници, неколку полицајци и демонстранти беа повредени, а центарот

Флик: Барселона заслужено го победи Бетис

Девет победи во девет меча за Барселона во шпанското првенство покажува дека тимот предводен од тренерот Ханси Флик е подготвен да ја одбрани титулата освоена минатата сезона. Барселона го помина и последниот

Мерц, АНГЕЛА РЕЧЕ „НЕ“ (ВИДЕО)

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел смета дека Христијанско-демократската унија (CDU) не треба да соработува со крајно десничарската Алтернатива за Германија (AfD). „Би ми било тешко да се влезе во коалиција со нив,

ВИДЕО – Проданоски: Инвестираме во патната врска меѓу Прилеп и Долнени

Се рехабилитира локалниот пат што поминува низ Мажучиште и ги поврзува општините Прилеп и Долнени, во должина од околу два километра, информира градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според него, делницата има значајна
Go toTop