СО ФРАНЦУСКИОТ ФИЛМСКИ ХИТ „ГРОФОТ ОД МОНТЕ КРИСТО“ НА 7 МАРТ СЕ ОТВОРА МЕСЕЦОТ НА ФРАНКОФОНИЈАТА ВО СКОПЈЕ

February 26, 2025
1 min read

Со проекцијата на францускиот филмски хит „Грофот од Монте Кристо“ во киното Синеплекс, на 7 март се отвора Месецот на Франкофонијата во Скопје, чии содржини ќе се одвиваат до 8 април. Во креирањето на филмската програма учествуваа амбасадите на Грција, Бугарија, Швајцарија, Романија, Канада, Белгија и Франција, па ќе биде прикажан по еден филм од секоја од овие земји. Македонската кинематографија ќе ја претставува „Убиј ги прво децата“ на Димитар Оровчанец, што ќе се прикаже на 27 март во Кинотеката.

Зошто секоја година во март ги славиме Франкофонијата и нејзините вредности? Зошто го правиме тоа заеднички? Франкофонијата е заеднички јазичен простор, со повеќе од 300 милиони говорници во светот, но и простор на вредности. Ова не е само лингвистичка заедница, туку и политичка организација, во која членуваат 93 држави, а Северна Македонија е рамноправна членка од 2006. Овој месец е повод да истакнеме и една нова едукативна соработка, откако направивме план за возобновуање на интересот за изучување на францускиот јазик во основните школи. Сакаме да ги охрабриме учениците да го изберат францускиот јазик како втор странски јазик“, кажа амбасадорот на Франција во Македонија, Кристоф Ле Риголер.

Покрај филмови, во рамките на Месецот на Франкофонијата ќе се одржат и изложба, натпревар по изразно читање, младински франкофонски парламент, ден на франкофонски култури… Посебен настан ќе има во Битола на 17 април, кога ќе настапи францускиот пијанист Лоран Кулондр.

Г. КОНЕВ

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Која е Казанчи холдинг, групацијата која сака да инвестира милијарда евра во енергетиката

Следно

Во март ќе се потпише договорот, „Рапид билд“ за 60 милиони евра ќе го гради интерконекторот со Грција

Latest from Blog

Ново поскапување на горивата: Дизелот од утре 98, бензинот 91,50 денари

Цените на горивата од полноќ повторно се зголемуваат. Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која малопродажните цени на нафтените деривати во просек растат за 4,85 отсто во однос на претходната одлука.

Општина Прилеп: 18-та Ликовна колонија „Марко Цепенков“ – Дрен 2026

Општина Прилеп со особено задоволство ја поддржува 18-та Ликовна колонија „Марко Цепенков“ – Дрен 2026, манифестација која годинава става посебен акцент на монументалната скулптура и нејзината улога во јавниот простор. Колонијата претставува

Шкотска со нов селектор доаѓа во Скопје!

ФОТО:facebook.com/scotlandnationalteam Селекцијата на Шкотска и официјално има нов селектор, тоа е Белгиецот Себастијан Покољоли (39). Тој доаѓа на местото на Стив Кларк, по чие водство Шкотите и немаа којзнае каков настап на

ВИДЕО | НОВА КРВАВА НОЌ НА РУСКО ТЛО – Украински ракети ја погодија Белоградската област, шестмина загинаа

Украински ракети синоќа ја погодија руската Белгородска област, при што загинаа шест лица, а четворица се повредени. Меѓу повредените е и 14-годишно дете, соопшти вршителот на должноста гувернер, Александар Шуваев. Нападот уследи
Go toTop