ДЗР: Студентските домови со години немале инспекција за да проверат во какви услови живеат студентите

February 25, 2025
2 mins read

Шест години Државниот просветен инспекторат не извршил инспекција на студентските домови во земјава, иако имаат обврска тоа да го прават еднаш годишно. Извештајот на државната ревизија во инспекторатот за 2023 година покажа низа пропусти во работењето.

Инспекторатот немал доволно контрола како и колку студенти се примаат и какво сместување им се нуди. Тоа придонело државата да нема вистинска слика какви се условите за сместување на студентите, стои во извештајот на Државниот завод за ревизија.

– Со ревизијата утврдено е дека последниот инспекциски надзор бил извршен во 2019 година, по што не се извршени нови контроли, ниту се изготвени записници за извршени надзори. Недостигот на редовни и вонредни контроли во процесот на прием, евидентирање и сместување на студентите, како и на точноста на податоците во документацијата на студентските домови, го оневозможува нивното правилно функционирање и исполнување на целта за обезбедување соодветни услови за студентите. Исто така, ревизијата утврдила дека инспекциски надзор не бил извршен ниту во 2024 година, што укажува на непостапување според препораките на овластениот државен ревизор.

Недоволни инспекции имало и во воспитно-образовните установи што придонело до намалена ефикасност во нивното оценување, се вели во извештајот на Државниот завод за ревизија. Во 2023-тата биле извршени само половина од планираните надзори, но извештајот открива и дека Просветниот инспекторат се соочува со голем недостиг на кадар од дури една третина од потребните вработени. Најдраматично е во општините Охрид, Гостивар, Кавадарци и Ресен, каде што понзионираните вработени не биле заменети со нови. Сепак, и оние кои биле вработгени, не добиле доволна обука.

Дел од нововработените инспектори не ја завршиле неопходната обука, што носи ризик за грешки и слабости во работењето. Заедно со недостигот на техничко-административен кадар, овие проблеми ја нарушуваат ефикасноста на инспекцискиот надзор и ја отежнуваат неговата целосна примена.

„ДПИ располага со 138 систематизирани работни места, 100 се пополнети, што значи дека една третина од потребниот кадар не е пополнета. Најизразен недостаток има во Секторот за инспекциски надзор и оценување на квалитетот, каде што недостасуваат просветни инспектори, што ја отежнува реализацијата на основната дејност, а посебно за подрачјето на општините Охрид, Гостивар, Кавадарци и Ресен, поради пензионирање на просветните инспектори. Исто така, дел од нововработените инспектори не ја завршиле неопходната обука, што носи ризик за грешки и слабости во работењето. Заедно со недостигот на техничко-административен кадар, овие проблеми ја нарушуваат ефикасноста на инспекцискиот надзор и ја отежнуваат неговата целосна примена“, се вели во извештајот на ДЗР.

И покрај законските обврски, дел од основните и средните училишта не биле опфатени со интегралната евалуација секоја трета учебна година, а како причина за ова се наведени пандемијата со Ковид-19, но и недостатокот на кадар предизвикан од постојаниот одлив на просветни инспектори поради пензионирање или други причини.

„Ваквата состојба влијае на организацијата и реализацијата на наставата, условите во воспитно-образовните установи, како и на исполнувањето и вреднувањето на работните задачи на наставниците и стручните соработници“, се вели во извештајот.

ДЗР открил и неправилности во однос на користењето на средствата за службените и сопствените возила за службени цели.

„Имено, најголем дел од патните трошоци се исплатени за дестинации на кои постои организиран автобуски превоз, бројни патни налози не се уредно пополнети, не се архивирани, недостасуваат податоци за изминати километри, а истите не се одобрени од непосредните претпоставени и не се изготвуваат писмени налози за користење службените возила“, велат од Државниот завод за ревизија.

Со ревизијата се истакнува и оти Државниот просветен инспекторат се соочува и со несоодветни услови за работа, недостаток на современа софтверска и ИТ опрема.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Фенербахче застана во одбрана на Мурињо

Следно

САД најде начин да ја „протне“ својата резолуција за Украина

Latest from Blog

Тошковски од Мала Преспа: македонскиот дух тука живее силно и гордо

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со министрите за надворешни работи Тимчо Муцунски и министерот за култура Зоран Љутков се во посета на македонците во Мала Преспа каде присуствуваат на фестивалот

Бериша: За 10 години Албанија ја напушти 45 отсто од популацијата поради нарко диктатурата

Лидерот на најголемата албанска опозициска Демократска партија и поранешен премиер, Сали Бериша во обраќањето на Парламентарното собрание на ОБСЕ, што се одржува во Порто, Португалија изјави дека за една деценија 45 отсто

СДСМ објави нови 11 кандидати за градоначалници, во Струмица наместо Костадинов ќе се трка Даскаловски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва на прес-конференција објави уште неколку имиња на кандидати за градоначалници на партијата за претстојните локални избори. Прашан зошто актуелниот струмички градоначалник Костадин Костадинов нема да бара

Во Ирак се одржа Фестивал на убавина за мачки

СКОПЈЕ (АА) – Во организација на Кралската ветеринарна болница, во ирачкиот град Сулејманија денес се одржа второто издание на Фестивалот на убавина за мачки, каде што љубителите на мачки се собраа за
Go toTop