САД најде начин да ја „протне“ својата резолуција за Украина

February 25, 2025
1 min read

Не доби поддршка на генералното собрание, но американската резолуција за Украина помина на Советот на безбедност на Обединетите Нации

Во документот, именуван како „Пат кон мирот“, а чиј коспонзор е Македонија, Русија не е наречена агресор и нема повик за повлекување на руските сили од Украина. Резолуцијата само содржи повик за брз крај на војната. Поддршка доби од 10 држави а пет беа воздржани САД, Русија и Кина гласаа потврдно, додека пак пет европски земји во советот – Велика Британија, Франција, Словенија, Данска и Грција беа воздржани. Три години од почетокот на конфликтот, ова е првпат Советот за безбедност да одобри заедничка резолуција за војната во Украина, а според меѓународното право, таа е обврзувачка. 

„Оваа резолуција нe носи на патот кон мирот. Тоа е прв чекор, но клучен – со кој сите треба да се гордееме.“ – Дороти Шеј – амбасадорка на САД во О 

Во меѓувреме, Владимир Путин ги повика европските држави да почнат да се занимаваат со реални проблеми наместо да се фокусираат на оддржување на нивниот имиџ. А откако во изминативе денови се засилија најавите дека наскоро Вашингтон и Киев ќе склучат договор за украинските рудни богатства, Путин му понуди на Трамп заедничко истражување на наоѓалишта на ретки минерали, вклучително и оние во деловите на Украина, кои се окупирани од Русија. 

„Договорот за ретки минерали кои администрацијата на Трамп, наводно, го турка со Киев не не загрижува. Русија е фокусирана на развој на оваа индустрија поради нејзината критична важност во повеќе сфери. Но, ние би биле подготвени да им го понудиме ова на нашите американски партнери, доколку покажат интерес да работат заедно.“ – Владимир Путин – претседател на Русија. 

А советникот за национална безбедност на американскиот претседател, Мајк Волц, вели дека идејата за влез на Украина во НАТО не е на маса, и покрај понудата на украинскиот претседател Володимир Зеленски да се повлече, во замена за членството на земјата во воениот сојуз…Уште еднаш го повтори ставот на Трамп дека Америка е подготвена да ја гарантира безбедноста на Украина во замена за ретки минерали, нешто што засега не е прифатливо за Киев.

„Не гледам дека САД сакаат Украина да се приклучи на НАТО, а потоа да ангажира американски војници според член 5 или директно да се вклучи во војната во Украина.“ – Мајк Волц – Советникот за национална безбедностна Доналд Трамп.

Во Европа пак, и покрај консензусот за руската закана, се уште се актуелни дискусиите за неопходните одговори, особено меѓу оние кои се за и против распоредување на мировници на украинска територија.

Извор: 24vesti.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

ДЗР: Студентските домови со години немале инспекција за да проверат во какви услови живеат студентите

Следно

Мицкоски најави: Изградба на секундарна мрежа на гас и топловодна мрежа која ќе стигне до домаќинствата по исклучително поволни услови

Latest from Blog

МБИ10 загуби 31 поен, инвеститорите најактивни кај Алкалоид, Телеком и Комерцијална банка

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 24.06.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.620,48 поени. Во однос

Денеска на Мундијалот: Стартува 3.коло во групната фаза, БиХ оди на победа за пласман во 1/16 финалето

ФОТО:.facebook.com/nfsbih/ Пред нас е стартот на 3.коло од групната фаза на Мундијалот. Коло по кое ќе се знаат и официајално сите учесници во 1/16 финалето, како и двојките. На програмата се дури

ПРВ СЛУЧАЈ НА ЕБОЛА ВО ФРАНЦИЈА: Првиот случај е лекар кој се вратил од Конго

Франција го пријави својот прв случај на ебола за време на актуелната епидемија, откако беше утврдено дека лекар, кој се вратил од Демократска Република Конго (ДР Конго), е позитивен на вирусот. Француското

Уставно-судската пракса ја потврдува посебната улога на државата во организирањето на игрите на среќа

Директорот на Државна лотарија, проф. д-р Александар Климовски во своето излагање на јавната дебата за предлог законот за игрите на среќа и забавните игри, правно и аргументирано истакна дека државата треба да

Божиновска: Отвораме нови можности за соработка со Шпанија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, присуствуваше на прием организиран од шпанскиот амбасадор во земјава, Рафаел Соријано Ортиз, по повод посетата на директорот на Институтот „Сервантес“, Луис Гарсија Монтеро.
Go toTop