Oд средината на март од Дебар до Тирана ќе се стигнува за еден час

February 23, 2025
1 min read

Со пуштањето во употреба на тунелот Муриз, најавено за 14 идниот месец, кој е дел од автопатот „Патот на Арбр“ (Руга е Арбрит) од граничниот премин „Блато“ кај Дебар, до Тирана ќе се стигнува за еден час.

– На 14 март ќе го отвориме големиот тунел Муриз за пристап за сите возила, а ќе продолжиме со работа на помошниот тунел, кој е за итни случаи. Со пуштањето за сообраќај на овој тунел од Дебар Северна Македонија до Тирана ќе се пристигнува за еден час, објави на Фејсбук вицепремиерката, воедно и министерка за инфраструктура и енергетика на Албанија, Белинда Балуку по извршениот увид во работите.

 

Според неа со пуштањето во сообраќај на тунелот го прави достапен целиот автопат, во должина од 74 километри, наспроти над 180 колку што изнесуваше претходно.

-Со должина од околу 74 километри „Патот на Арбр“ ќе стане важен коридор за поврзување Исток-Запад. Не само што ќе ги доближи граѓаните на Тирана и на цела Албанија со Дебар и Северна Македонија, туку ќе биде и артерија на економскиот развој и туризмот. Исто така, оваа патна оска ќе биде најкратката рута што ќе ја поврзува Тирана со Пешкопеја, како и со Северна Македонија, Дебар, Тетово и Скопје, така што ќе биде меѓународен пат за поврзување, објави Балуку.

Тунелот Муриз започна да се отвора во мај 2019 година, но работите одеа многу побавно од предвиденото, поради тешката геологија и лизгањето на земјиштето. Тој е со должина од 3,78 километри со два дела, за редовен сообраќај и за итни случаи. Севкупно, автопатот има 7 тунели, со вкупна должина од 8,5 километри, како и 4 моста, едниот од нив, со 158 метри е највисок на Балканот.

Автопатот за сообраќај беше пуштен на крајот од ноември 2021 година, од кога во контиунитет се зголемува фреквенцијата на патници на преминот „Блато“. Така, минатата година, според македонското МВР, на влез и излез регистрани 834.345 патници, од нив странски 672.062 и 162.283 македонски државјани. Споредено со претходната година бројот е поголем за 120.086 патници. 

Извор: 24vesti.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Орбан: Унгарија ќе одреди дали Украина може да се приклучи на ЕУ

Следно

Зеленски: Подготвен сум да поднесам оставка ако тоа донесе мир во Украина или членство во НАТО

Latest from Blog

ПРВ СЛУЧАЈ НА ЕБОЛА ВО ФРАНЦИЈА: Првиот случај е лекар кој се вратил од Конго

Франција го пријави својот прв случај на ебола за време на актуелната епидемија, откако беше утврдено дека лекар, кој се вратил од Демократска Република Конго (ДР Конго), е позитивен на вирусот. Француското

Уставно-судската пракса ја потврдува посебната улога на државата во организирањето на игрите на среќа

Директорот на Државна лотарија, проф. д-р Александар Климовски во своето излагање на јавната дебата за предлог законот за игрите на среќа и забавните игри, правно и аргументирано истакна дека државата треба да

Божиновска: Отвораме нови можности за соработка со Шпанија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, присуствуваше на прием организиран од шпанскиот амбасадор во земјава, Рафаел Соријано Ортиз, по повод посетата на директорот на Институтот „Сервантес“, Луис Гарсија Монтеро.

Општина Битола стартува со целосна обнова на „Дебарска“, инвестиција вредна над 37 милиони денари

Последиците од 30 годишната негрижа за улицата “Дебарска”, денес се очигледни. Оваа локална самоуправа, согледувајќи ги опасностите, уште пред 2 години започна со подготовка на документација, а сега и со реализација на

Комуналец Прилеп: Чист град се гради со заедничка грижа

ЈКП „Комуналец“ Прилеп апелира до граѓаните за поголема грижа и одговорност кон јавните површини, со цел заеднички да се придонесе за почист, поуреден и позелен град. Екипите на претпријатието денеска извршија бојадисување
Go toTop