Орбан: Унгарија ќе одреди дали Украина може да се приклучи на ЕУ

February 23, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) – Унгарија ќе одреди дали Украина може да се приклучи во Европската Унија (ЕУ) во иднина, рече унгарскиот премиер Виктор Орбан, фрлајќи сомнеж врз нејзините европски аспирации, јавува Анадолу.

Во годишното обраќање кон нацијата во Будимпешта, Орбан за Украина рече дека е „тампон зона“ меѓу Русија и НАТО и посочи дека ќе остане во таа улога дури и по завршувањето на нејзината тригодишна војна со Русија.

Орбан истакна дека Унгарија никогаш нема да го поддржи пристапот на Украина во ЕУ доколку тоа им наштети на унгарските земјоделци и бизниси.

„Украина нема да влезе во НАТО, а дали ќе влезе во ЕУ зависи од нас“, нагласи тој, посочувајќи дека војната во Украина се приближува кон крајот, но дека вистинскиот предизвик лежи во она што следи.

27-члениот Блок ги започна преговорите за членство на Украина во јуни 2024 година. Потребно е едногласно одобрение од сите земји за влез на нова членка во Унијата.

Премиерот Орбан, кој нашироко се смета за најблизок сојузник на Кремљ од Блокот, претходно се закани дека ќе стави вето на санкциите на ЕУ кон Русија, иако на крајот ги поддржа.

Унгарскиот премиер, исто така, се чини дека ја доведува во прашање државноста на Украина, тврдејќи дека војната „не е ни за Украина, туку за територијата наречена Украина“ која била ставена под контрола на НАТО.

„Украина, или она што останува од неа, повторно ќе стане тампон зона“, рече тој, повторувајќи ги неодамнешните изјави на членови на администрацијата на Трамп кои сугерираа дека Украина треба да се откаже од своите амбиции за НАТО.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

АНАЛИЗА: Ништо ново на најблискиот исток!

Следно

Oд средината на март од Дебар до Тирана ќе се стигнува за еден час

Latest from Blog

Тоневски: Четвртоодделенците од „Никола Карев“ поставуваа прашања за работата на Општина Пробиштип

Ученици од четврто одделение при ООУ „Никола Карев“ ја посетија Општина Пробиштип и одблизу се запознаа со работата на градоначалникот, општинската администрација и надлежностите на локалната самоуправа. Во разговорот со градоначалникот Тони

МЕПСО инвестира во иднината на енергетиката: Се подготвува зајакнување на мрежата во југоисточниот регион

АД МЕПСО продолжува со реализацијата на стратешките активности за модернизација на електроенергетската инфраструктура во Македонија. Денеска генералниот директор на компанијата, доц. д-р Бурим Љатифи, потпиша договор со Никола Битрак, извршен директор на

Проданоски: Обезбедивме 10 телевизори за собите во Домот „Киро Крстески – Платник“

За собите во Домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“ во Прилеп се обезбедени 10 нови телевизори во соработка со Тутунскиот комбинат АД Прилеп, соопшти градоначалникот Дејан Проданоски по посетата на

Коњановски: Битола и Турција ќе ја продлабочуваат соработката во економијата, културата и туризмот

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска се сретна со новиот турски амбасадор во Македонија, Алпер Акташ. Во фокусот на разговорот беа можностите за продлабочување на соработката во економијата, културата и туризмот. Коњановски

Николоски: Ќе се реконструира целиот пат од Валандово до Струмица преку Валандовско Брдо

Со комбинирана владина поддршка во инфраструкутрата, земјоделството и туризмот, правиме развој на општина Валандово. Предвидовме финансиска поддршка од околу 100 милиони денари, од кои 65 милиони денари се директно од буџетот на
Go toTop