На Санторини смирена ситуацијата со земјотресите, Мицотакис порачува дека Грција е безбедна земја

February 20, 2025
1 min read

Најверојатното сценарио за сеизмичката активност во морскиот дел меѓу Санторини и Аморгос, според претседателот на Организацијата за антисеизмичко планирање и заштита на Грција (ОАСП) Ефтимиос Лекас е постепена деескалација на појавата, додека во изминатите два дена не беше регистриран поголем земјотрес, а грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис порача дека Грција е безбедна земја, јави дописничката на МИА од Атина.

Според податоците од Интердисциплинарен комитет за управување со опасности и кризи при Атинскиот Универзитет од почетокот на серијата земјотреси во морскиот дел меѓу двата острови, односно од 26 јануари заклучно со 17 февруари, биле регистрирани над 21.500 земјотреси.

Координаторот на комитетот и претседател на ОАСП, професорот Лекас ги презентирал можните сценарија за земјотресите, од кои најверојатното е деескалација на појавата, додека пак второто сценарио е земјотрес од 6 степени или малку посилен, а во овој случај „постои четири отсто веројатност да се урнат 200-300 згради на Санторини“.

Во однос на вулканска активност, професорот објаснил дека „во блиска иднина не се очекува вулканска ерупција“, подводниот вулкан Колумбос „не се очекува да еруптира во следните 10 илјади години“, а дискусиите за нов вулкан што може да се појави „се однесуваат на нешто што би можело да се случи за 200 илјади години“.

Дополнително посочил дека се регистрирани геолошки промени, односно преместување на тлото, при што северниот дел од островот е поместен за осум, а јужниот дел за четири сантиметри.

Грчкиот премиер во интервјуто за „Блумберг“ денеска се осврна и на ситуацијата на островот, објасни дека во последните денови има намалување на сеизмичката активноста, „што е охрабрувачки“.

– Секако, секогаш ги слушаме научниците и треба да бидеме подготвени за сите евентуални можности. Сепак, Грција е безбедна земја и ова е порака што сакам да ја испратам. Никој не може да ја предвиди иднината, но ние сме воздржани оптимисти за она што се случува на Санторини. И ако работите се одвиваат како што треба, се надеваме на тоа, релативно брзо ќе се вратиме во нормална состојба, посочи Мицотакис.

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Трамп со уште една брутална порака до украинските и европските лидери

Следно

Шамбевски: Присуството и обраќањето на CPAC, победа на Мицкоски и Македонија

Latest from Blog

Турците побараа да се повтори натпреварот против Парагвај – причината е комична!

Фото: https://www.tff.org/ По два натпревари, Турција, сосема изненадувачки, се збогува со Светското првенство. Неочекуваните порази од Австралија (2:0) и Парагвај (1:0) и покрај доминацијата, предизвикаа бунт во оваа земја и се бараат

Мелони повикува на нормализација на односите со САД по конфликтот со Трамп

„Немам намера да продолжам да го поттикнувам овој спор“, рече италијанската премиерка, која оцени дека не постои ризик од негативни последици врз односите меѓу Италија и САД и дека врските меѓу двете

Божиновска: Реформите остануваат во фокусот – продолжуваме со транспарентна и одговорна реализација

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска денеска учествуваше на состанокот на високо ниво со ДГ ЕНЕСТ и тимот на Инвестициска рамка за Западен Балкан (WBIF), како дел од мониторинг

Божиновска: Продолжуваме со транспарентно спроведување на реформите и европската агенда

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска денеска учествуваше на состанокот на високо ниво со ДГ ЕНЕСТ и тимот на Инвестициска рамка за Западен Балкан (WBIF), како дел од мониторинг

МБИ10 загуби 31 поен, инвеститорите најактивни кај Алкалоид, Телеком и Комерцијална банка

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 24.06.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.620,48 поени. Во однос
Go toTop