Трамп со уште една брутална порака до украинските и европските лидери

February 20, 2025
1 min read

Русија има предност во војната и тоа е реалноста. Американскиот претседател Доналд Трамп со уште една брутална порака до украинските и европските лидери.

Во пресрет на нова рунда преговори меѓу двете страни и средбата меѓу Трамп и Путин, претседателот на САД вели дека и во Москва има голема распложеност за крај на војната која веќе три години беснее на истокот на Европа.

„Мислам дека Русите сакаат да го видат крајот на војната, навистина мислам. Мислам дека тие ги имаат картите, бидејќи зазедоа многу територија. Тие ги имаат картите.“ – Доналд Трамп претседател на САД.

А откако се засилија гласините за испраќање на војници на истокот на Европа, стигна одговор од Москва. Во никој случај не може да се дозволи присуство на НАТО трупи на украинска територија. Според најавите, околу 30.000 европски војници би биле распоредени во украинските градови, пристаништа и критична инфраструктура, но далеку од фронтот.

 

„НАТО во Украина? Тоа едноставно не е опција. Таквото сценарио би имало сериозни последици врз безбедноста на Русија и е целосно неприфатливо.“ – Дмирти Песков портпарол на Кремљ.

Во меѓувреме, раздорот меѓу Трамп и Зеленски се продлабочува. Откако Трамп го обвини украинскиот прептседател дека е диктатор без избори, а Зеленски порача дека трамп живее во Меур од дезинформации, во војната на зборови се вклучи и потпретседателот на САД, Џеј ди Венс. Го предупреди Зеленски да не го критикува Трамп напоменувајќи дека самата идеја за клеветење преку медиумите за да се смени мислењето на американскиот претседател е погрешен потег, особено ако сака да соработува со оваа администрација. На страната на Зеленски пак застанаа дел од европските лидери. За германскиот канцелар, Олаф Шолц, Зеленски е демократски изсбран лидер на земјата.

„Фактот дека не може да се одржат регуларни избори среде војна е во согласност со украинскиот устав и изборните закони. Никој не треба да тврди поинаку. Едноставно е погрешно и опасно да се негира демократскиот легитимитет на претседателот Зеленски.“ – Олаф Шолц канцелар на Германија.

Емануел Макрон и Кит Страмер пак следната недела заминуваат за вашингтон. Францускиот претседател и премиерот на Британија ќе му го престават европскиот план за Украина на Доналд Трамп. Западните медиуми наведуваат и дека двајцата лидери ќе побараат американски борбени авиони и ракети да бидат во состојба на готовност во Источна Европа за да можат да реагираат во случај на руско нарушување на договорот.

Посетите доаѓаат откако голем број претседатели и премиери ширум Европа изразија загриженост дека САД ги заобиколуваат во обидите да преговараат за мир со Русија.

Извор: 24vesti.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Нови 2.726 случаи на заболени од грип

Следно

На Санторини смирена ситуацијата со земјотресите, Мицотакис порачува дека Грција е безбедна земја

Latest from Blog

Турците побараа да се повтори натпреварот против Парагвај – причината е комична!

Фото: https://www.tff.org/ По два натпревари, Турција, сосема изненадувачки, се збогува со Светското првенство. Неочекуваните порази од Австралија (2:0) и Парагвај (1:0) и покрај доминацијата, предизвикаа бунт во оваа земја и се бараат

Мелони повикува на нормализација на односите со САД по конфликтот со Трамп

„Немам намера да продолжам да го поттикнувам овој спор“, рече италијанската премиерка, која оцени дека не постои ризик од негативни последици врз односите меѓу Италија и САД и дека врските меѓу двете

Божиновска: Реформите остануваат во фокусот – продолжуваме со транспарентна и одговорна реализација

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска денеска учествуваше на состанокот на високо ниво со ДГ ЕНЕСТ и тимот на Инвестициска рамка за Западен Балкан (WBIF), како дел од мониторинг

Божиновска: Продолжуваме со транспарентно спроведување на реформите и европската агенда

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска денеска учествуваше на состанокот на високо ниво со ДГ ЕНЕСТ и тимот на Инвестициска рамка за Западен Балкан (WBIF), како дел од мониторинг

МБИ10 загуби 31 поен, инвеститорите најактивни кај Алкалоид, Телеком и Комерцијална банка

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 24.06.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.620,48 поени. Во однос
Go toTop