Скопската зоолошка ќе организира хуманитарен настан за Турција и Сирија

February 23, 2023
1 min read

Во сабота (25.02.2023) во 12 часот во ЗОО Скопје ќе се одржи хуманитарен настан со наслов „Со љубов од Скопје ЗОО за Турција и Сирија”.

– Оваа сабота со поддршка од Градот Скопје, во Зоолошка градина Скопје ќе се одржи хуманитарен настан за помош на настраданите семејства во земјотресот во Турција и Сирија. Да ја покажеме солидарноста на дело и заедно да донираме и помогнеме онаму каде што е најпотребно. Собраните средства ќе бидат префрлени на сметката за донации за настраданите во земјотресот на Црвениот Крст на Град Скопје, отворена за таа намена, информираат од ЗОО Скопје.

Програмскиот дел ќе го исполнат Стела и Сани, ЗОО Азбука/ДКЦ Карпош, а ќе има и обраќање  на спасувачи/волонтери кои помагаа во Турција, додека учество ќе земе и Градскиот мешан хор Вардар, а децата ќе ги дружи и забавува Слончето Халки.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Русија тврди дека Украина подготвува „воени провокации“ во Транснистрија

Следно

Јануарската инфлација во еврозоната 8,6 отсто, во ЕУ 10 отсто

Latest from Blog

Доколку Индија и Пакистан употребат нуклеарно оружје ќе следи армагедон

Индија и Пакистан се нуклеарни сили во актуелен судир, а секоја поседува околу 180 нуклеарни боеви глави. Што би се случило доколку конфликтот ескалира до употреба на нуклеарно оружје? Научници од Универзитетот

Пуштен сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Прилеп-Крушево, кај село Врбјани

Во 09:30 часот сообраќајот на регионалниот пат Прилеп-Крушево, кај село Врбјани Општина Кривогаштани, е пуштен во двата правци, информираа од АМСМ. Од 09:10 часот сообраќајот беше блокиран во двата правци, откако во

Лаутаро емотивен: Седев дома и плачев, но му ветив на семејството…

Лаутаро Мартинез го коментираше пласманот на Интер во финалето на Лигата на шампионите по победата во два натпревари над Барселона. По нерешениот резултат 3-3 во Барселона, Интер во Милано ги победи Каталонците

Патот Прилеп–Крушево во прекин поради протест на жителите кај село Врбјани

Од 08:50 часот утрово, на регионалниот пат Прилеп–Крушево, кај селото Врбјани (Општина Кривогаштани), започна ненајавен јавен собир организиран од локални жители. Според првичните информации, граѓаните протестираат поради најавените градежни активности со кои
Go toTop