Лаутаро емотивен: Седев дома и плачев, но му ветив на семејството…

May 7, 2025
1 min read

Лаутаро Мартинез го коментираше пласманот на Интер во финалето на Лигата на шампионите по победата во два натпревари над Барселона. По нерешениот резултат 3-3 во Барселона, Интер во Милано ги победи Каталонците со 4-3 (по продолежние), обезбедувајќи го своето место во финалето по седми пат во својата историја.

Фудбалерите на италијанскиот тим беа расположени по натпреварот, а особено емотивен беше Лаутаро Мартинез, кој овој натпревар го одигра недоволно подготвен поради претходната повреда.

Иако не бев 100% подготвен, ставив завој и излегов на теренот. Имав само два тренинзи во текот на неделата. Се обидов да заздравам, а тие први два дена беа доста тешки. Седев дома и плачев. Така го живеам овој фудбал… Во вакви натпревари, мора да дадеш сè од себе. Сепак, му ветив на моето семејство дека ќе бидам на теренот. Дури и мајка ми беше загрижена, ми се јавуваше секој ден.

Многу сум емотивен. Игравме против одличен тим, но Интер постојано го крева нивото во последните четири или пет години. Овој тим никогаш не се откажува, а стадионот и навивачите се едноставно неверојатни“, рече Аргентинецот.

Ова ќе биде второ финале на Интер во Лигата на шампионите по 2023 година и натпреварот против Манчестер Сити, кој италијанскиот шампион го загуби со 1-0.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пакистан: Најмалку 26 загинати во индиските ракетни напади

Следно

Пуштен сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Прилеп-Крушево, кај село Врбјани

Latest from Blog

Реал поведе дисциплинска: Валверде и Чуамени може да добијат и „клоца“ од Мадрид

фото: Transfer News Livе (X) Реал Мадрид ќе преземе сериозни санкции по незапаметениот инцидент на своите фудбалери Федерико Валверде и Орелиен Чуамени. Според информациите од Шпанија, Реал Мадрид ќе покрене дисциплинска постапка

Муцунски: Услови за уставни измени нема, Берсе оценува наредок од Бугарија за пресудите од Стразбур

Услови за уставни измени нема Причина за тоа е недостатокот на доверба, изјави министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски без да прецизира на која држава се однесува недовребата и кој нема кредибилитет
Go toTop