Фармацевтот Самар од Газа продолжува да работи од својата аптека во шатор

February 7, 2025
1 min read

ГАЗА (АА) – Фармацевтот Самар Фараџала, кој живее во северниот дел на Газа, чија куќа и аптека се уништени во израелските напади, обезбедува лекови и медицински материјали за Палестинците од својата аптека во шатор, јавува Анадолу.

Аптеката ја отвори на 3 февруари во градот Газа со помош на семејството, по постигнувањето на договорот за прекин на огнот во Газа помеѓу Хамас и Израел.

На 19 јануари стапи на сила првата фаза од договорот за прекин на огнот и размена на заробеници помеѓу Хамас и Израел, со што беше запрена геноцидната војна на Тел Авив во која од октомври 2023 година се убиени над 47.500 Палестинци, а повредени се повеќе од 111.500.

Во ноември минатата година Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Поради израелската офанзива речиси целото население на енклавата беше принудено на раселување, а континуираната блокада предизвика сериозен недостиг на храна, чиста вода и лекови.

Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата (МСП) поради неговите постапки во Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Стефковски: Дојавите за бомба во 10 училишта во Гази Баба се лажни

Следно

На 54-годишна возраст почина Игор Југ, еден од осудените за случајот „27 април“

Latest from Blog

Битола испрати порака за почиста животна средина преку „Генералка Викенд“

И во Општина Битола се реализираше една од најмасовните акции во државата „Генералка Викенд“. Вклучени беа основни и средни училишта, градинки, здруженија, културно уметничко друштво, средношколски дом, а се чистеа и 12

Комуналец-Прилеп повторно ја чисти дивата депонија кај Вештачкото езеро

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп повторно спроведува акција за чистење на дивата депонија на патот кон Вештачкото езеро, каде денеска може да се забележат големи количини градежен шут, стар мебел, домашни апарати, пластика

Коњановски: „Офицерски“ станува сцена за нова уметничка енергија

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски присуствуваше на официјалното отворање на „Живо атеље“, како втора фаза од проектот „Симфонија на петте: звуците на Офицерски“, интердисциплинарна ликовна иницијатива која ги обединува едукацијата, креативниот процес
Go toTop